Што знаеме за сестрата на Цеца, која работи како директорка во нејзината фирма и се крие од јавноста?
- Детали
- понеделник, 31 март 2025
„Ние две отсекогаш сме биле тандем. Сестра ми ми ја даде најголемата поддршка во животот. Моите деца немаа татко, но имаа две мајки“ - вели Цеца за својата помала сестра Лидија.
Кога во 2000-та година, Светлана Цеца Ражнатовиќ остана вдовица, мајка со две мали деца, нејзината сестра Лидија без размислување остави сè за да ѝ помогне, да ѝ биде поддршка и рамо за плачење.
Лидија веднаш се пресели кај Цеца во вилата на Дедиње.
По неколку години, кога се омажи за поранешниот фудбалер Предраг Оцокољиќ и тој дојде да живее во вилата на Цеца.
Во истата вила живеат и нивните 4 деца, но Лидија неодамна откри дека е време да си заминат оттаму.
Тие купиле дом близу куќата на Цеца, за да не се сменат многу нивните животни навики.
„Мојата сестра ќе биде многу блиску и кога ќе се преселат. Анастасија останува во Шпанија, Вељко е во Тител, но сестра ми, синот и снаата ќе бидат тука за мене и со мене“, рекла Цеца во својата емисија „Цеца шоу“.
Тaа одамна кажа дека Лидија повремено живеела во вилата на Дедиње дури и во времето кога Аркан бил жив.
„Ние две отсекогаш сме биле тандем. Сестра ми ми ја даде најголемата поддршка во животот. Моите деца немаа татко, но имаа две мајки.
Кога се омажив за Жељко, Лидија живееше со нас, а сопругот виде колкава е љубовта меѓу нас две. Тој ја обожаваше Лидија и ние бевме тројцата мускетари додека беше жив“, рекла Цеца во една пригода.
И иако за Цеца се знае скоро сè, Лидија е вистинска енигма.
Таа е една и пол година помала од Цеца.
Пејачката е родена на 14 јуни 1973, додека Лидија е родена на 1 декември 1974 и пред неколку месеци наполни 50 години.
Лидија има четири деца - ќерката Хелена и синовите Виктор, Петар и Илија.
Таа не се експонира во јавноста, но е заслужна за секој успех на Цеца.
Лидија ѝ е десна рака на сестра си, поради што многумина велат дека таа е „жената од сенка без која Цеца не би била Цеца“.
Неодамна јавноста дозна дека Лидија е вработена во музичката продукција на Цеца, и тоа како директорка на компанијата.
„Мојата сестра, освен што е мој ангел чувар, ми е и другарка во сè. Од неа имам апсолутна поддршка. Тоа е веќе општо познато.
Таа е некој кој навистина се грижи за мене и отсекогаш била тука за мене, и во мојот личен и во мојот професионален живот.
Единственото што никогаш не сакала да се експонира јавно. Дури и кога бевме деца, таа не беше заинтересирана за јавниот живот, за разлика од мене.
Го сакав ова што го работам денес и уживам во тоа“, рекла Цеца во едно интервју.
Лидија има талент и за музика, но никогаш не била заинтересирана за пеење.
„Не сакав да се разоткривам, бидејќи тоа не е дел од мојот живот. Јас не сум јавна личност, нема потреба од тоа.
Јас сум тука да ја дадам целата моја поддршка на моето семејство. Се снаоѓаме сите овие години“, рекла Лидија.
Цеца и Лидија премногу наликуваат една на друга. Според многумина кога едната би решила да ја смени бојата на косата, тогаш луѓето не би ги разликувале бидејќи се многу слични.
„Среќна сум што имам толку големо семејство, бидејќи тоа е благослов од Бога. Луѓето од многудетни семејства ќе разберат за што зборувам.
Во нашето семејство има луѓе од сите возрасти. Но, знам дека јас и сестра ми никогаш нема да пораснеме - постојано ќе бидеме во тинејџерските години“, рекла Цеца.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





