Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“

„Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето и ќе напишам книга за тоа. За жал не можам да ви кажам дека ќе умрам, но сигурна сум дека постојат шанси за тоа“ – пишува Ведрана Рудан во својот последен текст во кој објави дека боледува од рак.

vedrana-rudan-objavi-deka-boleduva-od-rak-zhivotot-e-ubav-i-koga-smrtta-kje-ti-tropne-na-vrata-01.jpg

Хрватската писателка Ведрана Рудан, во свој стил, преку текст на својот блог, соопшти дека боледува од рак.

Во текстот насловен „Ракот и јас“, Ведрана се осврна на тоа како ѝ соопштиле дека боледува од кобната болест, каква била нејзината реакција, но и за тоа какви се реакциите од најблиските, од пријателите, од лекарите…

„Илјадници пати го замислував овој миг. Писателите имаат бујна фантазија, како ќе изгледа тоа кога лекарот ќе ви пријде и без насмевка на лицето ќе ви каже…

Дали ќе паднам во несвест? Ќе се избезумам ли? Ќе плачам ли? Ќе се прашувам ли: ’зошто јас‘?

vedrana-rudan-objavi-deka-boleduva-od-rak-zhivotot-e-ubav-i-koga-smrtta-kje-ti-tropne-na-vrata-02_copy_copy.jpg

Животниот век се продолжи, јас сум млада… Не, не, не, зошто јас? Ништо не сум преживеала. Ме фати смеа кога ги видов загрижените лекари, како само се насобраа околу мене. Почувствував дека сакаа да ми ја олеснат маката што не ја чувствував.

Јас сум во 75-тата година од животот, голем број мои врсници немаат рак. Здрави се, во полна форма, а јас, а јас… Дури и не верувам дека треба да мислиш на добро за сè да биде добро, не се заморувам со тоа“ – пишува Ведрана.

vedrana-rudan-objavi-deka-boleduva-od-rak-zhivotot-e-ubav-i-koga-smrtta-kje-ti-tropne-na-vrata-03_copy_copy.jpg

Како што вели Ведрана, оваа дијагноза ѝ помогнала да сфати колку многу вистински пријатели има, па дури и најдобрата пријателка ѝ ветила дека нејзината пепел ќе ја разнесе на омилената плажа (иако тоа е забрането).

„Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето и ќе напишам книга за тоа. Кога авторот на книги пишува за фазите на своето умирање тоа се чита како лудо.

Додуша тие книги имаат смисла кога авторот или авторката ќе почине, а сè друго не е напнато. За жал не можам да ви кажам дека ќе умрам, но сигурна сум дека постојат шанси за тоа“ – продолжува писателката.

vedrana-rudan-objavi-deka-boleduva-od-rak-zhivotot-e-ubav-i-koga-smrtta-kje-ti-tropne-na-vrata-04_copy_copy.jpg

Таа пишува дека во моментов поминува третмани со зрачење, а за крај упати порака до нејзините обожаватели.

„Немојте да ме жалите. Смртта или близината на смртта е посебно доживување. Опушта. Ти зборува што е важно и ти порачува дека животот е убав и навистина е убав кога смртта ќе ти тропне на вратата.

Нека тропа, сè уште сум овде и уживам во животот како никогаш“ – вели таа.

Прочитајте и Ведрана Рудан со критики до модерните мајки: „Се сликаат со голи задници, а децата ги третираат како мајмуни во циркус“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg