Бившиот на Цеца очекува бебе со некогашната Мис Србија – се венчаа неодамна, таа е во добар однос со неговото прво дете
- Детали
- четврток, 08 август 2024
Со фотка на која ѝ го бакнува трудничкото стомаче и ехо снимка, Богдан Срејовиќ објави дека очекува дете со Јована, со која влезе во врска кратко по раскинувањето со Цеца. Тој има и ќерка со сегашната девојка на Саша Ковачевиќ.
Богдан Срејовиќ привлече големо внимание во јавноста кога во 2021 јавно уживаше во љубовна врска со 9 години постарата пејачка Цеца.
Но, кратко по завршувањето на нивната врска, тој почна да се гледа со поранешната Мис на Србија, Јована Љубисављевиќ.
Во јули годинава, тие направија црковна венчавка и објавија повеќе фотки од церемонијата во манастир во Косово.
Но, вчера, тие заеднички објавија фотка од свадбата која претходно не ја споделиле, а со која открија дека очекуваат бебе.
На едната фотка, Богдан го бакнува трудничкото стомаче на неговата прекрасна невеста, а на втората се гледа ехо-снимка и во описот на објавата пишува „Љубовта раѓа љубов“.
Инаку, на Богдан ова ќе му биде второ дете - од врската со Зорана Тасовац (сегашната девојка на Саша Ковачевиќ) ја има ќеркичката Искра.
Веќе е познато дека Саша е многу близок со малечката Искра, но пред скоро, за српските медиуми, и сопругата на Богдан, Јована, откри дека има совршен однос со неа.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од црковната венчавка на Богдан и Јована:
М. М. | Црнобело