Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео)
- Детали
- среда, 11 септември 2024
На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се веселеше на прославата за нејзината новородена ќерка и ги подели мислењата дали мајката треба да присуствува на овој чин, кој кај нас е познат како давање мекици за новороденче.
Српскиот голман Предраг Рајковиќ и неговата сопруга Ана на 4 септември го добија нивното трето дете.
Ана се породи во приватна болница во Белград и на свет донесе девојче кое го доби името Нора. Ана и Предраг од претходно ги имаат двата сина Реља и Тадија, а желбата отсекогаш им била да имаат и ќерка.
На само 5 дена по породувањето Ана собра сила и присуствуваше на забавата организирана по повод раѓањето на нејзината ќерка.
На високи потпетици и со кусо фустанче, таа играше и се забавуваше со својот сопруг.
Некои луѓе на социјалните мрежи ја нарекоа Ана мајка кралица која успеала да дојде и да прослави за својата малечка, додека други упатија лавина критики кон неа во насока дека ова не е нормално и зошто воопшто дошла на оваа прослава – зарем за некоја да не ѝ го украде сопругот.
фото: принтскрин Инстаграм
Видеото од прославата, кое поттикна лавина од реакции:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





