Србинка открива: „Цените во Охрид се далеку поповолни од Белград, парче баклава ме чинеше од 15 до 25 денари“

„Ако сте гурман, во Охрид ќе бидете во рајот. Кога станува збор за цените, тоа зависи од каде ќе седнете, но генерално гледано кога ќе се спореди со Белград, Охрид е и повеќе од поволен. Таму ја јадев најсовршената баклава’, споделува Ирис Крџиќ од Србија.

srbinka-cenite-vo-ohrid-se-daleku-popovolni-od-belgrad-parche-bakvala-me-chineshe-od-15-do-25-denari-01.jpg

Ирис Крџиќ од Србија е вљубеничка во природата, а со својот партнер обожаваат патувања.

Така, летово Охрид беше нејзина дестинација и вели дека таму буквално се чувствувала како дома.

На нејзиниот Инстаграм профил „Priroda Mi Društvo“, таа ги пренесува впечатоците оттаму.

srbinka-cenite-vo-ohrid-se-daleku-popovolni-od-belgrad-parche-bakvala-me-chineshe-od-15-do-25-denari-04.jpg

Ирис за нашиот бисер вели:

„Охрид е совршен баланс на спротивностите и вистинско место за оние кои сакаат активен одмор.

Од јавање коњи на Галичица до планинарење со спектакуларен поглед на двете езера, Охридско и Преспанско, до возење со чамец, изнајмување кајак, параглајдинг, како и истражување на богатата историја преку културните знаменитости и цркви, на располагање имате сè.

srbinka-cenite-vo-ohrid-se-daleku-popovolni-od-belgrad-parche-bakvala-me-chineshe-od-15-do-25-denari-03.jpg

Ако сте гурман, во Охрид ќе бидете во рајот. Кога станува збор за цените, тоа зависи од каде ќе седнете, но генерално гледано кога ќе се спореди со Белград, Охрид е и повеќе од поволен.

За специјалитетите немам збор, што и да пробате ќе ве воодушеви, а јас би ја издвоила баклавата.

srbinka-cenite-vo-ohrid-se-daleku-popovolni-od-belgrad-parche-bakvala-me-chineshe-od-15-do-25-denari-02.jpg

Таму ја јадев најсовршената баклава. Со фстаци, со лешник, со чоколадо, на вас е само да изберете. Едно парче баклава ме чинеше од 15 до 25 денари“.

Охрид низ објективот на Ирис:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Србинка е хит на Инстаграм со смешните видеа за жените и мажите Видеата на Марта од Белград предизвикуваат лавина од реакции и многу смеа. Хит п...
Локал во Белград е како сцена од празнична бајка Годинава повторно се хит црвените лампиони и класичните зелени елки и, се разбир...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Макијато - 80 денари, Дубаи палачинка - 260 денари: Какви се цените во Врање во декември 2024? Највкусна скара во кафеани во винтиџ стил во комбинација со ракија од дуња и 95-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg