По скандалот со љубовната афера во Катар, живеат хармонично - Ана Рајковиќ се породи со третото дете кое го доби со српскиот голман

Еден месец по одбележувањето „6 прекрасни години брак“ како што самата кажа, Ана Рајковиќ се породи со третото дете кое го доби од српскиот голман Предраг – сега живеат во хармонија, откако ја надминаа кризата со секс скандалот во Катар.

ja-obvinija-za-seks-skandal-so-kolega-na-soprugot-sega-dobija-treto-dete-ana-rajkovikj-se-porodi-i-uzhiva-vo-semejnata-harmonija-01_copy_copy.jpg

Српскиот голман Предраг Рајковиќ и неговата сопруга Ана, го добија нивното трето дете.

На 4 септември, Ана се породи во приватна болница во Белград, а на свет донесе девојче кое кое го доби името Нора.

На Инстаграм парот објави фотка од породилиштето на која мама ја држи новородената ќеркичка во прегратка, а тато нежно ја бакнува.

Ана и Предраг од претходно ги имаат двата сина Реља и Тадија, а желбата отсекогаш им била да имаат и ќерка.

За бременоста таа имаше изјавено дека ѝ годи, но дека жештините ѝ се најтешки:

„Добра сум, како може трудница да се чувствува. Кога е свежо ми е убаво, но кога се високи температурите, сакам да седам дома под клима“.

Неодамна, еден месец пред раѓањето на ќеркичката, парот прослави 6 години брак, а Ана во описот на заедничките фотки кои ги објави, напиша:

„72 месеци, 313 недели, 2.190 денови, 52.560 часови, 6 прекрасни години - ЗАЕДНО.

Нашите најубави 6 заеднички кругови околу Сонцето! Горда сум на нас, те сакам најмногу“.

За потсетување, во 2022, за време на Светското првенство во фудбал во Катар, српската репрезентација се најде среде повеќе секс скандали, а во еден од нив беше вклучена и Ана Рајковиќ.

Во медиумите се пишуваше дека наводно таа имала афера со колегата на сопругот од репрезентација, Душан Влаховиќ.

ja-obvinija-za-seks-skandal-so-kolega-na-soprugot-sega-dobija-treto-dete-ana-rajkovikj-se-porodi-i-uzhiva-vo-semejnata-harmonija-03.jpg

Таа не премолче на гласините и тогаш изјави дека аферата ѝ ја наместила поранешна вработена, а кратко потоа покажа дека никој нема да го растури нивниот брак, кој е среќен, стабилен и исполнет со љубов и хармонија.

„Преживеавме и полошо. Се излажавте ако сметате дека е добро да нападнете повреден лав“.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Бившиот ја изневерил со Едита, денес е среќно мажена со две деца - Што прави Ана Бебиќ од „Операција... Ја поврзуваа речиси со сите учесници во „Операција Триумф“, па потоа 6 години бе...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg