Една од најубавите Србинки откри како успева набрзина да ослабе: „За жал, лебот не ни е пријател“
- Детали
- вторник, 07 јануари 2025
Актерката Јелена Гавриловиќ (41) е многу посветена кога станува збор за тренинзите и вежба најмалку 3 пати неделно, но кога сака брзо да ослабе се води од неколку нејзини правила во исхраната.
Јелена Гавриловиќ (41) важи за една од најзгодните дами во регионот. Српската актерка вели дека тоа се должи на редовните тренинзи и правилната исхрана.
Се сеќавате ли кога во 2014 година нашата Елена Ристеска нè претставуваше во ТЛЗП? Покрај неа беше токму оваа прекрасна Србинка од 179 сантиметри, која на сите им остави впечаток.
Таа открива дека има свои трикови за периодите кога сака да симне повеќе килограми наеднаш.
Со еден кадар од теретана таа порача: „Вака ослабев 6 килограми, па сега ти види дали ќе вежбаш“.
Таа во една пригода во интервју за српскиот магазин „Stil“ откри кои се нејзините тајни за совршена линија, кога станува збор за храната.
Јелена Гавриловиќ вели:
„Се трудам да јадам намирници од органско потекло, а избегнувам индустриски преработени производи.
Сакам и слатки работи, но кога јадам тоа е од органско потекло или домашно приготвено.
Од време на време, имам и свој режим на детоксикација.
За жал, научив дека лебот не е наш пријател.
Мислам дека секој треба за себе да го пронајде тоа што му одговара.
Исто така, не треба да се јаде ништо навечер по 19 или 20 часот и треба да се пијат многу течности.
Со помош на овие правила јас симнав 6 килограми“.
Актерката додава дека е многу посветена кога станува збор за тренинзите и вежба најмалку 3 пати неделно.