Марија Шерифовиќ на првиот одмор со синот Марио: Со неа зела дадилка и стоматолог
Пејачката ги документираше сите денови од одморот, и како што може да се види, сè одело во ред од првиот до петтиот ден, кога Марија почна да се жали дека има сончаница и температура…
А следниот ден почнала да чувствува болки во грлото, ушите и носот, па морала да почне да пие антибиотик.
Сè на сè, како што може да се види од објавите, нивниот одмор поминал во најдобар ред, покрај малите проблеми и нервозите заради загубата на српската репрезентација на Европското првенство, а за време на патувањето им се приклучиле уште неколку блиски луѓе на пејачката.
Со ова Марија успеа да си оствари една голема желба, затоа што пред неколку месеци на прашањето што е она што сака да му го овозможи на синот, а таа го немала како дете, Марија одговори:
„Тоа е сериозно прашање, тоа е она што мене ми беше ускратено. Јас, на пример, не се сеќавам на семејни летувања и зимувања.
Кога бев мала мајка ми пееше по 3 месеци во други градови, затоа што тогаш се правеа такви договори со хотелите.
Мене ме израсна баба ми Даринка. Фала Богу, тоа сега не е така.
Јас и кога имам концерт, гледам да тргнам во последен миг за да можам да бидам повеќе со него“ – нагласи Марија.
Погледнете го видеото од првото летување на Марија и Марио:
Б. С. Б. | Црнобело