Данијела Димитровска се забавува во Дубаи, откако првпат прозборе за помладиот дечко: „Ми падна вилица кога го видов“
- Детали
- среда, 09 април 2025
„Се сеќавам, ја спуштив главата за да видам нешто на масата и во моментот кога ја кренав главата, го здогледав својот сегашен дечко и ми падна вилицата. Толку“, вели поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ за новиот дечко.
Манекенката Данијела Димитровска, која скоро две години ужива во љубовта со поранешниот спортист Јеврем Косниќ, првпат јавно прозборе за врската со него.
Таа и нејзиниот 6 години помлад партнер уживаат во љубовта и често споделуваат заеднички фотки, но досега не зборувале јавно за тоа како се запознале или нешто за нивната љубов.
Токму поради тоа следбениците на манекенката беа изненадени кога таа раскажа детали за нивната прва средба и тоа одговарајќи на нивни прашања на социјалните мрежи.
„Сè беше спонтано и неочекувано. Јас не сум лесно заљублива личност и сметам дека не можеш да најдеш партнер тукутака, кога си излезен некаде. И ете чудо - го запознав додека бев излезена.
Бев со пријатели во ресторан на вечера. И пак ќе кажам, јас не сум лесно заљублива. Ми треба многу да забележам некого или да ми се допадне.
Ретко кога ќе забележам некого, ама и тогаш не коментирам. Скоро никогаш не коментирам. Ни мажи, ни жени.
И се сеќавам, ја спуштив главата за да видам нешто на масата и во моментот кога ја кренав главата, го здогледав својот сегашен дечко и ми падна вилицата. Толку“, рекла Данијела.
Таа додала дека веднаш им кажала на пријателите со кои била излезена, а тие биле шокирани од нејзината реакција.
„Ми рекоа: ‘Не, ова не се случува - некој да ти се допадне и ти да го споделиш тоа со нас’.
Ме засрамија со коментарот, па им реков дека ќе се повлечам и нема ништо да правам.
Но, ете, животот, судбината, па и Бог, сакале да нè спојат. И јас сум му се допаднала нему и така тргна приказната“, додала таа.
Данијела кажала и дека во изминатата година често знаела да го изненади Јеврем и да отиде во Црна Гора ненајавена, бидејќи тој градел зграда и морал да живее таму, а таа живее во Белград.
Инаку, изминативе денови Данијела е во Дубаи, од каде што објавува фотографии и видеа и споделува со своите следбеници како се забавува.
Таа, како и секогаш изгледа одлично, па нејзините фанови не ги штедат комплиментите да ѝ кажат колку е згодна, прекрасна и сексапилна.
Кликнете на видеото:
Погледнете повеќе фотографии од нејзиното патување во Дубаи:
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





