Вељко и Богдана добија трет син - ако имаат четврто, ќе им биде последно
- Детали
- вторник, 14 мај 2024
„Слава му на Бога. Ми се роди третиот син, Исаија“, напиша синот на Цеца на Инстаграм и откри дека за бебето избрале библиско име.
Вељко, синот на балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, и неговата сопруга Богдана, утрово го добија третиот син.
Бебето кое се роди на 14 мај ќе носи библиско име, Исаија. Според толкувањето, ова име значи „Божја помош“ или „Бог е спасот“.
Веста за раѓањето на бебето ја објави Вељко на Инстаграм Стори.
„Слава му на Бога. Ми се роди третиот син, Исаија“, напиша тој.
Претходно објави и фотографија на која е во болница, со мантил и капа, во исчекување на раѓањето на бебето.
„Броиме ситно“, стои на фотката.
Освен Исаија, Богдана и Вељко имаат уште два сина, Жељко и Крстан.
Сепак, боксерот не крие дека сака да добие и ќерка. Откако со Богдана го дознаа полот на бебето и дека повторно е син, Вељко откри дека би сакал четврто дете за да има и женско.
Но, тој вели и дека четвртото би им било последно дете, бидејќи потоа Богдана нема да смее да раѓа.
„Таа ќе оди на царски рез, по што ќе можеме да имаме само уште едно дете. Физички, по четвртото дете не би смеела веќе да остане бремена.
Но, ова е од Бога, трите сина. Но, се надевам дека четвртото ќе биде девојче, татина принцеза, најмлада.
Сепак, ќе направиме малку пауза, во целосно лудило сме“, кажа тој.
Откако се породи Богдана, Цеца за српските медиуми изјави дека веќе видела први фотки од бебето.
„Има напрчена усна, меден е, сладок е, како крофна. Крстан е уште бебе и нема претстава за нишпто, во Жељко се радува“, рекла таа.
А. Ј. | Црнобело