Миа Костова славеше Св. Никола - утрото со погача во црква, вечерта со саканите во винарија
- Детали
- четврток, 19 декември 2024
Меѓу гостите на славата оваа година беше и мајката на Тијана, а Миа сподели видео како мајката и ќерката уживаат и се забавуваат, додека им свири музика во живо во скопска винарија.
Инфлуенсерката Миа Костова вчеравечер (18.12) ги собра саканите во скопска винарија и заедно со нив го прослави Св. Никола, празникот кој ѝ е куќна слава.
Миа години наназад го одбележува заслугот во ресторан и често вели дека ќе почне да кани гости дома кога нема да живее под кирија, туку ќе има сопствен дом.
За славата, како што е адетот, Миа утрото однесе погача во црква.
„За многу години Свети Никола. Мир, здравје и благодет“, напиша таа на Инстаграм Стори.
На социјалните мрежи Миа сподели и дел од атмосферата од веселбата во винаријата.
А таму, освен што имаше полна трпеза со разни специјалитети, имаше и музика во живо.
Миа играше и пееше со гостите, а меѓу нив оваа година беше и мајката на Тијана, Суада, па Миа сподели видео како мајката и ќерката уживаат во атмосферата на славата.
Погледнете ТУКА каква беше атмосферата минатата година.
А. Ј. | Црнобело