Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите
- Детали
- вторник, 19 декември 2023
„Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засекогаш. Посакувам да ве имам секоја следна година. Сите на број. Фала на сите, особено на мојата Тамара, која ќе ми пее додека ја држи глас“, вели Миа Костова за нејзината слава за Св. Никола.
Инфлуенсерката Миа Костова слави Свети Никола, а славата ја правеше во познат скопски ресторан. Иако некои ѝ замерија што не ги викнала гостите дома, таа преку Инстаграм откри дека во моментов нема услови за тоа.
„Ќе славам дома кога ќе имам доволно голем дом за да ги соберам сите мои драги луѓе“, откри Миа, па сподели дел од атмосферата од славата.
Таа објави фотка со синот Андрија, за кого вели дека е толку многу извишен што е скоро колку неа, но и од славската погача, трпезата и многу фотки и видеа со гостите.
Меѓу нив беше и Сергеј Варошлија, еден од најдобрите пријатели на Миа.
Тука беше и Тамара Тодевска, која испеа неколку песни за мерак, не само на гостите на славата, туку и за сите гости во ресторанот, а со неа пееше и Миа.
Но, највесела на славата беше Тијана Скулиќ, која не престана да игра, пее и да се забавува.
„Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засекогаш. Посакувам да ве имам секоја следна година. Сите на број.
Фала на сите на вниманието, особено на мојата Тамара Тодевска, што ќе ми пее додека ја држи глас. Да сте ми живи и здрави“, напиша Миа.