Се огласи мајката на напаѓачот во Загреб: „Тој е емоционално нестабилен, го молев докторот да не го пушта од болница“

Во изјава за хрватските медиуми, мајката на 19-годишниот напаѓач од Загреб вели дека нејзиниот син требало да лежи во психијатриска болница, но докторот го пуштил. Додава и дека пред пет години, син ѝ учел во училиштето каде што го изврши нападот.

se-oglasi-majkata-na-napagjachot-vo-zagreb-go-molev-doktorot-da-ne-go-pushta-od-bolnica-toj-e-emocionalno-nestabilen01.jpg

По нападот со нож што се случи утрово во Загреб, едно дете почина, додека една наставничка и уште тројца ученици се во болница со повреди.

Во болница е и напаѓачот кој се повредил самиот.

Првично се мислеше дека напаѓачот има 15-тина години, но сега хрватските медиуми пишуваат дека станува збор за 19-годишно момче.

За 24 Sata, се огласи и мајката на напаѓачот која вели дека син ѝ имал проблеми со менталното здравје.

Вели, слушнала што се случило, но ни самата не ги знаела сите информации.

„Ми кажаа дека напаѓачот е мојот син. Утрово татко му го однесе во дневна болница во девет часот, пак почна да оди во тие дневни болници.

Беше на психијатар неколкупати. Пред месец и пол, ме затвори мене и мајка ми во станот, ни ги зеде мобилните, клучевите и пак заврши во Јанкомир (психијатриска болница во Загреб).

Тогаш молев докторот да не го пушта од болница бидејќи не е за надвор. Тој е емоционално нестабилна личност, покрај тоа има две дополнителни дијагнози...

Докторот ладнокрвно го пушти од болницата за ние да се грижиме за него.

Синоќа спиевме во страв, направивме сè што можеме за да го спасиме тоа дете.

(Утрово) тој очигледно ја напуштил дневната болница, зел нож и направил што направил.

Не знам зошто го направил тоа, тој учеше во тоа училиште пред пет години. Не знам која е причината. Слушнав дека и самиот се избодел“, гласи нејзината изјава.

Според понови информации, повредената учителка имала 62 години, а ова била нејзината последна генерација пред да се пензионира.

Моментално се наоѓа во животна опасност и е на интензивна нега.

Според неофицијалните информации на Jutarnji List, повредени се три деца и двајца возрасни, а повреден е и напаѓачот.

Починатото дете е на возраст од седум години.

Повторно од неофицијални извори, Jutarnji List пренесува дека најверојатно учителката пробала да го спречи нападот на ученикот, па тогаш била повредена.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вујкото и мајката на Ксенија Пајчин, која беше брутално убиена од партнерот: „Некои болки не се допи... Eдна од најголемите трагедии на јавната сцена во регионот беше кога манекенот Фи...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
Се прежени 40 дена по разводот и стана татко - Милош Тимотијевиќ на плажа со синот „Ништо не славев. Породувањето беше мошне напорно“ – изјави Милош Тимотијевиќ не...
Осудени родителите на детето-убиец од „Рибникар“ – 14,5 години затвор за татко му, 3 години за мајка... На денешното рочиште за масакрот од „Владислав Рибникар“ од минатата година беа ...
Ноле и Јелена Ѓоковиќ слават 10 години брак: Тенисерот ѝ посвети љубовна песна на сопругата (видео) „10 години сме како едно, ќе те сакам засекогаш“: Ноле ѝ посвети љубовна песна н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg