Бен Афлек со искрена исповед за алкохолизмот: „Се срамам од минатото“

„Единствениот вистински лек за алкохолизмот е страдањето, се срамам од минатото“ – вели актерот Бен Афлек и додава дека е благодарен за втората шанса со Џенифер Лопез.

ben-aflek-za-vtorite-shansi-vo-zhivotot-se-sramam-od-minatoto-alkoholizmot-se-lekuva-samo-so-stradanje-01.jpg

Холивудскиот актер Бен Афлек (49) во интервју за Wall Street Journal опширно говореше за сопствените грешки од минатото, за борбата со алкохолизмот и пороците, но и за вторите шанси што му биле пружени во животот.

ben-aflek-za-vtorite-shansi-vo-zhivotot-se-sramam-od-minatoto-alkoholizmot-se-lekuva-samo-so-stradanje-02.jpg

За Бен Афлек се знае дека имал огромен проблем со алкохолизмот и со коцкањето, што се наведуваше како една од причините поради кои се разведе од поранешната сопруга Џенифер Гарнер (49) со која има три деца: Вајолет, Серафина и Семјуел.

„Има многу работи што би сакал помладата верзија од мене да можеше да ги разбере. За некои работи искрено, се чувствувам несигурно, или пак можеби се срамам да бидам отворен пред јавноста затоа што тоа во главно беа грешки.

ben-aflek-za-vtorite-shansi-vo-zhivotot-se-sramam-od-minatoto-alkoholizmot-se-lekuva-samo-so-stradanje-03.jpg

Постојат работи што посакувам да ги направев поинаку и во основа кога размислувам за минатото посакувам да можев да ги избегнам болните мигови. Посакувам никогаш да не им нанесов болка на другите. Посакувам подобро да можев да сфатам што е она што ми го правеше животот потежок“ – вели тој.

ben-aflek-za-vtorite-shansi-vo-zhivotot-se-sramam-od-minatoto-alkoholizmot-se-lekuva-samo-so-stradanje-04.jpg

Бен, отворено проговори и за сопствената борба со алкохолизмот и за тоа како се справува со искушенијата.

„Единствениот вистински лек за алкохолизмот е страдањето. Само треба да се надевате дека имате висок праг на толеранција за страдање, пред да ви го уништи животот.

Лично ме иритираа луѓето што имаа изјави: ’имам таков проблем и благодарен сум за тоа.‘ Си мислев: ’Тоа е ср**е. Не си благодарен за катастрофите, за тоа што ги повредуваш другите и си го уништуваш животот. Кажи си дека се чувствуваш како г**но поради тоа и дека посакуваш да бидеш подобро‘.

ben-aflek-za-vtorite-shansi-vo-zhivotot-se-sramam-od-minatoto-alkoholizmot-se-lekuva-samo-so-stradanje-05.jpg

Дури во изминатите пет години почнав да се чувствувам благодарен за проблемите што ги имав. Голем дел од мојата болка е предизвикана од страдањата што им ги предизвикав на другите луѓе, а тоа е нешто што најмногу ме боли во животот“ – вели актерот.

ben-aflek-za-vtorite-shansi-vo-zhivotot-se-sramam-od-minatoto-alkoholizmot-se-lekuva-samo-so-stradanje-06.jpg

Прочитајте и Бен Афлек во казино со мајката на Џеј Ло – дали актерот се враќа на старите пороци?

Афлек кој претходно во текот на годината се помири со бившата свршеница Џенифер Лопез вели дека е благодарен за „втората шанса“ во животот.

„Животот е тежок и постојано правиме грешки и се надеваме дека ќе научиме нешто од нив. Единственото нешто што ви треба е да знаете да ги зграпчите можностите за раст од вторите шанси што ви се нудат.

Навистина се потрудив да го направам тоа. Не бев успешен секогаш, но во тие случаи каде што успеав, ги најдов најважните аспекти во мојот живот“ – вели тој.

ben-aflek-za-vtorite-shansi-vo-zhivotot-se-sramam-od-minatoto-alkoholizmot-se-lekuva-samo-so-stradanje-07.jpg

Актерот кој во 2018-та година се разведе од поранешната сопруга Џенифер Гарнер, проговори и за родителството и, како што рече, според него е мошне важно и двајцата родители да бидат вклучени во одгледувањето на децата.

ben-aflek-za-vtorite-shansi-vo-zhivotot-se-sramam-od-minatoto-alkoholizmot-se-lekuva-samo-so-stradanje-08.jpg

Прочитајте и Се вљубил во Џенифер Гарнер додека бил со Џеј Ло: Детали како Бен Афлек раскина со Џеј Ло и се ожени со Гарнер

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg