Бен Афлек во казино со мајката на Џеј Ло – дали актерот се враќа на старите пороци?
- Детали
- петок, 11 јуни 2021
Се смета дека една од главните причини за падовите во кариерата на актерот и режисерот е токму неговата склоност кон пороци –особено кон коцката и алкохолот, а сега Бен Афлек беше забележан во казино заедно со мајката на неговата старо-нова девојка Џенифер Лопез. Тој во моментов работи на снимањето на неговиот најнов филм во Лас Вегас.
Актерот и мајката на Џенифер, Гвадалупе Родригез беа фотографирани заедно во казиното Wynn resort во Лас Вегас. Актерот и мајката на неговата девојка биле заедно со камермани и обезбедување, а 75-годишната Гвадалупе разговарала со него мошне возбудено и мавтала со рацете.
Познато е дека Гвадалупе еднаш има освоено 2,4 милиони долари во Atlantic City, а за неа Џеј Ло во една прилика посочи и дека е мошне голем коцкар.
Сепак, не се знае дали станува збор за филмски проект во кој се вклучени и Бен и Гвадалупе, или двајцата само се забавуваат со враќање на старите навики.
Прочитајте повеќе: Мајка ѝ е коцкар, татко ѝ е скиентолог: 12 мрачни тајни за животот на Џенифер Лопез
Претходно Daily Mail објави фотографии на кои се гледа како Афлек влегува сам во казиното во 3 часот наутро.
По ова се поставува прашањето дали актерот се враќа на старите пороци, затоа што е познато дека пред седум години му беше забранет влезот во казина во Лас Вегас, откако претходно го фатиле како брои карти.
И самиот актер призна дека претходно се служел со измама кога се коцкал.
„Ми требаше време да научам да играм и да станам солиден играч на блек-џек. Кога научив да играм казината од мене побараа да не играм блек-џек. Мислам, фактот дека си добар во играта е против правилата и тоа треба да ви каже нешто за казината“ - изјави Афлек во 2014-тата година.
Иако тој вели дека нема проблем со коцкањето, сепак, јасно е дека е голем љубител на игрите во казината.
Освен тоа, за него претходно е пишувано дека има проблем и со алкохолот, па се смета дека алкохолот беше една од главните причини за неговиот развод со Џенифер Гарнер vo 2018-тата година.
Интересно е што ненадејната средба на Афлек со мајката на Џеј Ло следи откако претходно стана јасно дека познатата двојка повторно е заедно.
Афлек и Лопез беа заедно на романтично патување во Монтана и во Мајами, а само пред една недела беа објавени фотографии од нивната романтична вечера во Лос Анџелес.
Тие беа во романтична врска во 2002-та година и брзо потоа објавија дека се свршени. Како и да е, во 2003-тата ја раскинаа свршувачката и набрзо потоа објавија дека раскинале.
Во продолжение повеќе фотографии од вечерта:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





