На јахта на Сен Тропе, шопинг во Капри: Бен и Џеј Ло се на љубовна турнеја откако си дадоа втора шанса – каде сѐ беа?
- Детали
- петок, 13 август 2021
Бен Афлек и Џенифер Лопез дефинитивно се двојката што е топ тема ова лето. Откако во мај годинава се појавија првите фотографии од нивното „љубовно бегство“ во Монтана, се чини дека двојката постојано е во движење.
Од романтични вечери и запознавање со семејствата, па сè до средбата на Бен со мајката на Џенифер во казино, се чини дека нивната врска постојано е во медиумите.
Откако одлучија по 19 години повторно да ѝ дадат шанса на љубовта меѓу нив, Џеј Ло и Бен се постојано заедно. Да се потсетиме каде сè беа досега, откако се појавија првите шпелукации дека се повторно заедно и дека новите генерации ќе имаат можност да ја видат на дело љубовта помеѓу двојката позната како Бенифер.
На викенд во Монтана
Во мај светските медиуми објавија ексклузивни фотографии на кои се гледаат Џеј Ло и Бен Афлек како фатени за рака се враќаат од романтичниот викенд, што го поминаа во неговата луксузна вила во Монтана. Да се потсетиме, ова патување следеше набрзо откако позната актерка и пејачка објави дека раскинува со Алекс Родригез.
Со децата во забавен парк во Холивуд
На почетокот на јули годинава, славната двојка беше забележана во Universal Studios во Холивуд. На ова патување Џеј Ло со себе ги понесе близнаците Еме и Макс (13) од бракот со Марк Ентони, а Афлек беше придружуван од синот Семјуел (9) од неговиот брак со Џенифер Гарнер.
Викенд во Хемптонс
Веќе следниот ден, двојката беше забележана како ужива во романтична прошетка во Хемптонс, каде Џеј Ло има своја екстремно приватна вила, вредна 10 милиони долари.
Сeн Тропе – одмор на луксузна јахта
По повод 52-иот роденден на пејачката, славната двојка замина на одмор на луксузна јахта во Сeн Тропе. Тие оттаму решија конечно да стават крај на шпекулациите, па објавија фотографија што дефинитивно ни ги разјасни нештата.
По објавувањето на фотографијата од страсниот бакнеж на јахтата, веќе на сите ни стана јасно дека нема простор за сомнеж и дека Бен и Џенифер се повторно заедно.
Капри – прошетка низ продавници за накит
Од Сен Тропе, Бен и Џеј Ло одлучија да го посетат и Капри. Tие беа забележани како се шетаат држејќи се за рака. Медиумите пишуваа дека двојката купувала доста накит во продавниците, но сепак, Бен не купил нов веренички прстен.
Во Малибу со Мет Дејмон
По европската турнеја, славната двојка последно е забележана во Малибу, каде викендов имаа средба со нивниот колега и долгогодишен пријател на Бен - Мет Дејмон. Дејмон беше нивен голем поддржувач уште на почетокот кога излегоа гласините дека е возможно двојката повтроно да е во врска.
Б. С. Б. | Црнобело