Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати детали

Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски другари од детството. Признава дека третиот дел на The Godfather бил направен само затоа што со режисерот биле банкротирани, но 20 години подоцна бил жртва на пирамида – Факти за Ал Пачино што не сте ги знаеле.

site-prijateli-mu-umrele-od-predoziranje-dvapati-bankrotiral-al-pachino-otkri-dosega-nepoznati-detali-01.jpg

Ал Пачино (84) е светски признат актер со плодна кариера, за кого знаат сите, од најмладите – до најстарите, а актерот кој е познат по тоа што речиси отсекогаш се трудел приватниот живот да го држи подалеку од очите на јавноста, објави книга мемоари, во која раскажа сè.

Неговите мемоари насловени Sonny Boy во чест на прекарот што му го дала мајка му како дете започнуваат од неговите скромни почетоци во Њујорк, каде што живеел со мајка му и баба му и дедо му.

Понатаму зборуваат за подемите и падовите со коишто морал да се соочи во животот.

site-prijateli-mu-umrele-od-predoziranje-dvapati-bankrotiral-al-pachino-otkri-dosega-nepoznati-detali-02_copy.jpg

Во продолжение неколку интересни детали за животот на Ал Пачино што сигурно не сте ги знаеле:

На самиот почеток, актерот раскажува како живеел во Бронкс во 40-тите години на минатиот век, како дете посветено на читањето, но веќе на 9-годишна возраст почнал да пуши цигари.

Се потсетува дека за малку ќе го загубел животот додека се лизгал на тенок мраз на реката Бронкс.

Вели дека мајка му Роуз е најзаслужна за тоа што тој успеал да остане жив, затоа што, иако и сама се соочувала со сериозни проблеми со менталното здравје и посегнала по сопствениот живот, сепак не дозволувала тој да талка до доцна во ноќта низ улиците.

Се присетува на еден инцидент кога како 10-годишно момче чекорејќи на тенка ограда се лизнал и го повредил половиот орган.

„Цело утро врнеше дожд и се лизнав и паднав, а оградата ме удри меѓу нозе“ - раскажува тој.

Потоа се присетува како еден повозрасен господин го однел во куќата на тетка му, каде трите жени во неговиот живот: мајка му, тетка му и баба му му го прегледувале половиот орган додека чекале да дојде доктор.

„Си помислив: 'Боже, дојди земи ме!', додека ги слушав како шепотеа нешто и ја извршуваа инспекцијата“ - раскажува Ал.

Тој вели дека немал сериозни повреди, но траумите од тој ден продолжиле да го следат цел живот.

site-prijateli-mu-umrele-od-predoziranje-dvapati-bankrotiral-al-pachino-otkri-dosega-nepoznati-detali-19.jpg

Мајка му била таа што го навела да оди во средно училиште за перформативни уметности и кај него ја вродила љубовта за читањето.

Набрзо по полнолетството Ал веќе се соочил со сериозна загуба. Тројца негови најдобри пријатели од детството, Клифи, Брус и Пити починале од предозирање со опојни супстанци.

site-prijateli-mu-umrele-od-predoziranje-dvapati-bankrotiral-al-pachino-otkri-dosega-nepoznati-detali-04_copy.jpg

Но, Ал и немал премногу време за да се посвети на животот со пријателите. Како тинејџер морал да се откаже од образованието за да се грижи за мајка му.

Работел на повеќе места за да донесе основни средства за егзистенција, а во слободното време, постојано бил присутен на сцената на театарот во Њујорк.

Таму работел на својот талент, а запознал и голем број од своите идни пријатели, меѓу кои и Мартин Шин, со кого заедно во еден период биле цимери и чистеле тоалети за да преживеат.

Но, на возраст од 22 години Ал ја доживеал најголемата загуба, кога мајка му се самоубила со земање огромно количество лекови во семејниот дом.

site-prijateli-mu-umrele-od-predoziranje-dvapati-bankrotiral-al-pachino-otkri-dosega-nepoznati-detali-05_copy.jpg

Една среќна аудиција целосно ќе го промени животот на младиот актер, и ќе го однесе на патотот кон славата.

Тој вистинскиот успех го доживеал во 1972-ра година кога ја добил улогата во култниот филм The Godfather.

site-prijateli-mu-umrele-od-predoziranje-dvapati-bankrotiral-al-pachino-otkri-dosega-nepoznati-detali-19_2.jpg

Ал вели дека продуцентите не сакале тој да игра во филмот, но благодарение на режисерот Френсис Форд Копола, тој сепак ја добил улогата што ќе му донесе светска слава.

Но, славата нема да значи дека актерот веднаш ќе се справи со сите финансиски проблеми.

The Godfather беше филм што постигна огромен успех, но Ал Пачино за него заработил само 35.000 долари, што е ситница во споредба со денешните хонорари на актерите.

„Кога завршив со снимањето на The Godfather бев без скршен денар, не дека пред тоа сум имал пари, но тогаш се најдов и во долгови.

Мојот менаџер и агентите ги отстапија своите хонорари и чекав да ми дадат пари за да преживеам“ – раскажува Ал Пачино.

site-prijateli-mu-umrele-od-predoziranje-dvapati-bankrotiral-al-pachino-otkri-dosega-nepoznati-detali-12_copy.jpg

Иако од The Godfather 2 и од Scarface имал поголеми хонорари, актерот признава дека не знаел како разумно да ги троши парите, а и немал толку многу проекти во 80-тите.

„Имав околу 90.000 долари во банка и тоа беше сè. Но, сакав да промовирам луксузен начин на живот.

Имав куќа на село, од која не сaкав да се откажам. Постојано трошев, а не заработував.

Вложував пари, а не добивав ништо за возврат.

Би можел да речам дека ме искористувале, можев да ги обвинувам сметководителите, или менаџерот.

Можев да се обвинувам и самиот себеси, но тоа значеше дека треба да преземам одговорност за сопствените дејствија“ – вели Ал.

site-prijateli-mu-umrele-od-predoziranje-dvapati-bankrotiral-al-pachino-otkri-dosega-nepoznati-detali-16_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg