8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините
- Детали
- петок, 20 декември 2024
Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопругата Кетрин Зета Џонс...
Иако помеѓу некои познати парови постои огромна разлика во годините, тие се доказ дека возраста не е пречка кога постои вистинска љубов.
Тие се во брак долго време и уживаат во времето поминато заедно.
Кои познати парови покажаа дека големата разлика во годините не им е пречка за љубов?
Џеј Зи и Бијонсе
Разлика во години: 12
Џеј Зи и Бијонсе се во брак 16 години. Иако се заедно од 2000-та година, се венчаа тајно во 2008-ма.
Тие ги имаат ќерката Блу Ајви (16) и близнаците Руми и Сер (7).
Елен Деџенерис и Порша де Роси
Разлика во години: 15
Актерката и поранешната водителка се запознаа во 2001-ва, но почнаа романтична врска во 2004-та година.
Тие се венчаа во 2008-ма година.
Камила Алвеш Меконахи и Метју Меконахи
Разлика во години: 13
Парот е во брак 12 години и имаат две деца.
Се запознаа во ноќен клуб во Холивуд и Меконахи вели дека тоа била љубов на прв поглед.
Сем Тејлор-Џонсон и Арон Тејлор-Џонсон
Разлика во години: 23
Иако режисерката е 23 години постара од својот сопруг, парот е во брак веќе 12 години. Претходно, тие биле и 2 години во врска.
Многупати тие велат дека разликата во години никогаш не им била пречка за да уживаат во љубовта.
Мајкл Даглас и Кетрин Зита-Џонс
Разлика во години: 25
Актерите, кои се родени на 25 септември, се веќе 24 години во брак и имаат две деца.
Иако денес разликата во години се забележува во нивниот физички изглед, тие велат дека се заљубени како првиот ден, а дека годините се само бројка.
Харисон Форд и Калиста Флокхарт
Разлика во години: 20
Актерите се заедно 22 години, а од тоа 14 години се во брак. Кога се запознале, Форд беше во брак со втората сопруга, но веќе имаше поднесено барање за развод.
Откако се венчаа, популарниот Индијана Џонс легално го посвои синот на својата трета сопруга, но парот нема заедничко биолошко дете. Форд, пак, има 4 други деца, по две од првите два брака.
Рози Хантингтон Вајтли и Џејсон Стејтам
Разлика во години: 20
Парот е заедно од 2009 година, а се запознале на настан во Лондон.
Се свршија во 2016-та година и имаат две деца, но сè уште не стапиле во брак.
А. Ј. | Црнобело