Бела и Џиџи Хадид се гордеат со нивната кул мајка – на 61 година изгледа исто како во младоста
- Детали
- понеделник, 13 јануари 2025
Кул фотки од бременоста со едно од трите деца, додека малечката Бела е покрај неа, двете сестри во детството во прегратка на нивната прекрасна мајка, но и моменти кои покажуваат дека таа и ден-денес е со младешки дух и како нивна другарка - Бела ѝ го честиташе 61-иот роденден на мајка ѝ Јоланда со ретро фотки од семејниот албум.
Поранешниот модел Јоланда Хадид го прослави својот 61 роденден, но благодарение на топ формата и негуваниот изглед, воопшто не изгледа како да ја започнала седмата деценија од животот.
Од нејзиниот 6-годишен брак со бизнисменот Мохамед Хадид, таа ги има трите деца – ќерките Џиџи и Бела и синот Анвар, а сите три тргнаа по нејзините стапки и се во светот на модата.
По повод нејзиниот роденден, Бела одлучи со фановите да сподели интимни моменти од семејниот живот со нејзината мајка и објави фотографии од далечното минато.
На фотките може да се забележи како Јоланда бдее и спие со малечката Бела, но ја прикажува и во текот на бременоста со едно од децата, како и неколку фотки од изминатиот период, на кои може да се види дека тие се блиски како другарки и дека поранешниот модел е уште кул и со младешки дух.
Во описот на фотките таа напиша:
„Среќен роденден на кралицата на мојот свет. Со сите работи што се случуваат, ти си мојот мир. Те сакам мамичке. Ти благодарам за тоа што си. Светлост што ме води, срце полно љубов и добра душа. Благословена сум што Бог одлучи да бидам твое дете“.
Погледнете повеќе ретро фотки од Бела и Јоланда Хадид:
М. М. | Црнобело