Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс докажа дека е родител за пример?
- Детали
- среда, 24 април 2024
Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на Кејти Холмс таа ѝ беше целиот свет. Се трудеше да ѝ готви секој ден, ја носеше на забави, ја стави својата кариера на пауза сè додека не ја израсна – Како Кејти Холмс докажа дека е вистинска мајка за пример?
Месецов ќерката на Кејти Холмс и Том Круз, Сури, наполни 18 години, а дел од светските медиуми пренесуваат дека нејзината одлука била воопшто да нема никаков контакт со татко ѝ кого не го видела во последните 12 години.
Таа на денот беше забележана како шета низ улиците на Њујорк во скромно издание и со роденденски подарок во рацете, а често е фотографирана од папараци како се движи заедно со мајка ѝ Кејти Холмс, и очигледно е кој од двајцата славни родители е пример за девојчето.
Во продолжение неколку факти:
Сури Круз се роди во 2006-та година и до свои 6 години живееше со татко ѝ Том и со мајка ѝ Кејти, но по нивниот развод во 2012-та година таа се пресели со мајка ѝ во Њујорк и се верува дека оттогаш тие двајца не се виделе.
Во меѓувреме, Сури израсна благодарение на трудот и напорната работа на нејзината мајка, која успеа од девојче кое беше најразгалено во Холивуд, да ја претвори во скромна млада дама.
„Мојата главна цел е само да знае дека многу ја сакам. Само да знае дека е сакана. Кога таа ми е крајната цел, никому не му е грижа што моите први две палачинки секогаш се изгорени“ – рече во 2014-та година актерката.
Но, во изминатите години Кејти призна дека немала да може да успее сè сама, ако ја немала поддршката од блиските и пријателките.
Главна и најголема помош ѝ била мајка ѝ Кејтлин, која била подготвена да дојде кај нив и тогаш кога треба, но и кога не треба.
За пријателките од сите возрасти Кејти рече:
„Секогаш се потпирам на нив. За совет, за рецепти, за сè друго што ми треба. За совети кога не знам што треба да правам. За некој да дојде да ја причува, да ми помогне“ – вели таа.
Кејти јавно вели дека имало периоди кога се чувствувала виновна како мајка и се прашувала дали е доволно добра и дали прави доволно за ќерка ѝ, дали ѝ посветува доволно време.
„Мајчинството ме научи да заборавам на некои работи и да си ја вратам контролата во свои раце.
Понекогаш има дружење во игротека што не си го очекувал, па сум морала да се запрашам, дали е во ред. Дали тоа ќе ја насмее? И ако е така, да, најверојатно ќе одиме.
Можеби вечерата ќе биде во 8 часот, наместо во 6 и ќе имаме ужинка во меѓувреме. Супер. Мислам дека сите треба да си ги намалиме очекувањата. Мајчинството ме научи на тоа“ – рече Кејти.