Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 години

Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен развод и Скиентолошката црква, која е, всушност и најголемата причина зошто има комплициран однос со својот татко, кого последен пат го видела во 2012 година.

skromnata-kjerka-na-tom-kruz-napolni-18-godini-konechno-sama-kje-reshava-dali-kje-go-vidi-tatko-i-so-kogo-nema-kontakt-12-godini-01.jpg

Сури Круз, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, наполни 18 години. Роденденот го прослави скромно, со другарка во Њујорк. Таа беше фотографирана низ улиците на градот, со подарок во раката и розов чадор, без шминка и во спортска тексас комбинација.

skromnata-kjerka-na-tom-kruz-napolni-18-godini-konechno-sama-kje-reshava-dali-kje-go-vidi-tatko-i-so-kogo-nema-kontakt-12-godini-12.jpg

За тоа време, нејзиниот татко е во Англија, каде што снима ново продолжение на неговиот хит филм Mission Impossible.

skromnata-kjerka-na-tom-kruz-napolni-18-godini-konechno-sama-kje-reshava-dali-kje-go-vidi-tatko-i-so-kogo-nema-kontakt-12-godini-03.jpg

Сури целиот свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен развод и Скиентолошката црква, која е, всушност и најголемата причина зошто има комплициран однос со својот татко.

skromnata-kjerka-na-tom-kruz-napolni-18-godini-konechno-sama-kje-reshava-dali-kje-go-vidi-tatko-i-so-kogo-nema-kontakt-12-godini-05.jpg

Таа веќе 12 години нема контакт со Том, но, сега откако стана полнолетна, сама ќе може да реши дали ќе го види.

skromnata-kjerka-na-tom-kruz-napolni-18-godini-konechno-sama-kje-reshava-dali-kje-go-vidi-tatko-i-so-kogo-nema-kontakt-12-godini-07.jpg

Сепак, според Daily Mail, кој се повикува на свои блиски пријатели, „Том Круз не постои за Сури“, и таа е сигурна дека не сака да има ништо со актерот кого последен пат го виде на свои 6 години, кога ја одведе во Дизниленд.

skromnata-kjerka-na-tom-kruz-napolni-18-godini-konechno-sama-kje-reshava-dali-kje-go-vidi-tatko-i-so-kogo-nema-kontakt-12-godini-06.jpg

Иако имаше можност да ја посетува, Круз никогаш не го направи тоа.

„Сури има само еден родител, и тоа е мајка ѝ“, рекол анонимниот извор за медиумите.

skromnata-kjerka-na-tom-kruz-napolni-18-godini-konechno-sama-kje-reshava-dali-kje-go-vidi-tatko-i-so-kogo-nema-kontakt-12-godini-09.jpg

Бидејќи Сури е и официјално полнолетна, Круз веќе не треба да ѝ плаќа на Кејти Холмс годишна алиментација од 400.000 долари за нивната ќерка, и со тоа, е раскината и последната официјална „врска“ меѓу таткото и ќерката.

skromnata-kjerka-na-tom-kruz-napolni-18-godini-konechno-sama-kje-reshava-dali-kje-go-vidi-tatko-i-so-kogo-nema-kontakt-12-godini-02.jpg

Од друга страна, таа е многу блиска со нејзината мајка. Освен што е вистинска копија на Кејти, Сури од мајка си го наследила модниот вкус, страста за креативност, желбата за хуманитарна работа и да им помага на луѓето.

skromnata-kjerka-na-tom-kruz-napolni-18-godini-konechno-sama-kje-reshava-dali-kje-go-vidi-tatko-i-so-kogo-nema-kontakt-12-godini-10.jpg

Но, таа не ја наследила желбата за слава, па засега се држи подалеку од Холивуд и филмската продукција.

skromnata-kjerka-na-tom-kruz-napolni-18-godini-konechno-sama-kje-reshava-dali-kje-go-vidi-tatko-i-so-kogo-nema-kontakt-12-godini-13.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg