Го „навлекла“ на скиентологија, ја оставил за Никол Кидман: Која е првата сопруга на Том Круз?

Том Круз првпат се венча на 24-годишна возраст, и тоа со жена која е шест години постара од него. Неговата прва сопруга е личноста која го запознала со скиентологијата бидејќи татко ѝ бил едно од првите членови на контроверзната црква.

go-navlekla-na-skientologija-ja-ostavil-za-nikol-kidman-koja-e-prvata-sopruga-na-tom-kruz-01.jpg

Зад себе Том Круз има три бракови. Веројатно знаете за Никол Кидман и Кејти Холмс со која ја доби ќерката Сури.

Но, поретко се зборува за првата сопруга на Том Круз – Мими Роџерс.

go-navlekla-na-skientologija-ja-ostavil-za-nikol-kidman-koja-e-prvata-sopruga-na-tom-kruz-02.JPG

Се претпоставува дека Мими, која е актерка и професионален покер играч, е онаа која го запознала актерот со контроверзната скиентолошка црква

Сепак, за разлика од другите две сопруги на актерот, Мими денес живее подалеку од очите на јавноста.

Том и Мими се запознале во 1985 година, во период кога актерот го снимаше Top Gun.

Тогаш актерот имал 23, а Мими – 29 години.

go-navlekla-na-skientologija-ja-ostavil-za-nikol-kidman-koja-e-prvata-sopruga-na-tom-kruz-11.JPG

Актерот нема зборувано многу за првата сопруга, но Мими има откриено дека се запознале преку заеднички пријатели.

„Јас бев сингл, Том беше сингл, па нашите пријатели помислиле дека треба да нè запознаат.

Ни закажаа заеднички состанок, а и двајцата си помисливме зошто да не“.

go-navlekla-na-skientologija-ja-ostavil-za-nikol-kidman-koja-e-prvata-sopruga-na-tom-kruz-05.JPG

Тој период Том се прославуваше во Холивуд, па поради ова, со Мими одлучиле да на зборуваат за нивната врска, а ни за свадбата не открија многу детали.

Се венчаа во 1987 година, со церемонија на која имало само двајца гости.

И Мими беше актерка, а подоцна има изјавено дека бракот со Том имал лошо влијание врз нејзината кариера.

„Никој не сакаше да ме најми бидејќи бев венчана со славна личност. Мислам дека ме гледаа само како статист“.

go-navlekla-na-skientologija-ja-ostavil-za-nikol-kidman-koja-e-prvata-sopruga-na-tom-kruz-09.JPG

Иако Том не ѝ помогнал во кариерата, Мими одлучила да го запознае со скиентолошката црква.

Таткото на Мими всушност бил еден од првите членови на црквата и бил мошне близок со основачот Рон Хабард.

Додека Том избегнува да зборува за својата религија, Мими многупати има дискутирано на темата.

„Скиентологијата беше дел од моето детство, а татко ми беше вклучен во неа уште пред јас да се родам.

Тоа е одличен систем на верување бидејќи нуди прагматичен метод за духовно просветлување“.

go-navlekla-na-skientologija-ja-ostavil-za-nikol-kidman-koja-e-prvata-sopruga-na-tom-kruz-04.JPG

Но, и покрај тоа што кажуваше само добри зборови за црквата, Мими ја напушти, и тоа заедно со татко ѝ.

Во 1898-та, само две години откако се венчаа, Том поднесе барање за развод од Мими.

Дотогаш тој веќе стануваше истакнат член на црквата, а се шпекулира дека скиентологијата имала врска со нивниот развод.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg