Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
- Детали
- вторник, 12 ноември 2024
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри дека е бремена по трагичната загуба на нероденото дете. Таа ги објави првите фотки на Инстаграм по подолго време, а откри и дека Машин Ган Кели е таткото на нејзиното бебе.
Холивудската актерка Меган Фокс (38), во последниот период се повлече од јавноста, а откако ги избриша сите фотографии на Инстаграм, вчера (12.11) се врати на социјалната мрежа за да сподели важна вест.
Таа и нејзиниот партнер Машин Ган Кели го очекуваат првото заедничко дете.
Актерката објави фотка на која позира целосно гола, а телото на кое веќе е видлив трудничкиот стомак ѝ е прекриено со црна боја.
Таа објави уште една фотографија со позитивен тест за бременост, а до нив накратко напиша:
„Ништо никогаш не е целосно загубено. Добредојде назад“.
Во објавата таа го означи партнерот Машин Ган Кели, со што им даде на сите до знаење дека тој е татко на нејзиното дете.
Оние што ја следат актерката, знаат дека таа имаше мошне турбулентен период зад себе.
Таа во една изјава за медиумите откри дека пред да ја раскинат свршувачката со Машин Ган Кели, имала спонтан абортус и го загубила нероденото бебе.
„Спонтаниот абортус беше многу трагичен за мене и долго време страдав и тагував“ – рече во една пригода актерката.
Парот кој претходно беше препознатлив по тоа што постојано разменуваа нежности и не ја криеја љубовта во јавност, во изминатиот период водеше повлечен живот и немаа премногу јавни појавувања.
За потсетување, Меган веќе има три сина со претходниот сопруг Брајан Остин Грин, а Машин Ган Кели има ќерка од врската со поранешната девојка Ема Канон.
Меган и Машин Ган Кели ја започнаа врската во 2020-та година, а две години подоцна тој ја запроси.
По ова следуваше кризен период и парот ја раскина свршувачката, но и покрај сѐ останаа заедно.
Во јули годинава, Меган се појави во спотот на Машин Ган Кели за песната Lonely Road, каде глумеше бремена девојка, по што почнаа да се шират гласини дека таа најверојатно повторно е во блажена состојба, но парот во тој период не се огласи за пишувањата во таблоидите.
Б. С. Б. | Црнобело