Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко?

Сури го избриша презимето на татко ѝ Том Круз и зеде презиме со кое ја возвишува својата славна мајка. Како најславното девојче во Холивуд му го зададе последниот удар на татко ѝ, кој 10 години не сака да ја види?

kako-suri-kruz-ja-vozvishi-majka-i-i-mu-zadade-udar-na-slavniot-tatko-01.jpg

Познато е дека ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, Сури, е мошне блиска со нејзината мајка, а татко ѝ не го видела со години, па откако стана полнолетна таа донесе важна одлука за нејзината иднина.

kako-suri-kruz-ja-vozvishi-majka-i-i-mu-zadade-udar-na-slavniot-tatko-02.jpg

Светот со нетрпение исчекуваше во изминатите месеци за да види што ќе се случи откако Сури Круз ќе стане полнолетна, но јасно е дека девојката јасно покажа на чија страна застанува и целосно му го сврте грбот на својот славен татко.

kako-suri-kruz-ja-vozvishi-majka-i-i-mu-zadade-udar-na-slavniot-tatko-03.jpg

Откако наполни 18 години и пред да замине на колеџ, Сури донесе важна одлука да го избрише славното презиме на нејзиниот татко и на суптилен начин ѝ оддаде чест на мајка си за сè што направила за неа во изминатите години.

kako-suri-kruz-ja-vozvishi-majka-i-i-mu-zadade-udar-na-slavniot-tatko-08.jpg

Како што пренесуваат светските таблоиди, Сури веќе нема да се презива Круз, туку Ноел, а за свое презиме го избрала средното име на мајка ѝ, Кејти Холмс.

Многу е веројатно Сури со овој потег да се обидува да се дистанцира од презимињата на нејзините родители, затоа што сака да замине на колеџ оддалечена од сите притисоци што со години наназад ги трпеше заради нивната слава.

„Таа ја возвишува мајка ѝ така што го користи нејзиното средно име, а гласините се дека Сури сака да има сопствен идентитет додека започнува ново поглавје во животот на колеџ“ – пишува PageSix повикувајќи се на сопствени извори.

kako-suri-kruz-ja-vozvishi-majka-i-i-mu-zadade-udar-na-slavniot-tatko-06.jpg

Инаку, околу 10 години Том Круз воопшто не се појавил во јавност со ќерка му, а според изворите блиски до актерот, тој воопшто не бил вклучен во нејзиниот живот.

Како причина за таквата одлука на актерот, најчесто се наведува неговата поврзаност со скиентолошката црква и тоа што таа не му дозволува контакт со личностите кои ѝ го свртеле грбот на религијата, како што тоа го направи Кејти Холмс во моментот кога одлучи да се разведе од Том.

kako-suri-kruz-ja-vozvishi-majka-i-i-mu-zadade-udar-na-slavniot-tatko-07.jpg

За потсетување, Сури неодамна беше матурантка, а на матурата се појави со партнер, кој според многумина наликуваше на нејзиниот славен татко.

kako-suri-kruz-ja-vozvishi-majka-i-i-mu-zadade-udar-na-slavniot-tatko-04.jpg

Прочитајте и Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс докажа дека е родител за пример?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg