Ќерката на Том Круз прослави матура: Блеска во уникатна креација, партнерот потсетува на татко ѝ (фото)
- Детали
- четврток, 20 јуни 2024
Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс прослави матура со своите соученици - избра фустан-корсет со виолетови и златни детали, а на раката носеше букетче од виолетова кала, подарок од партнерот за матура.
Сури Круз, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, славеше матура со своите соученици од средното училиште Ла Гардија во Њујорк.
За матурската прослава таа избра интересен, но нестандарден фустан, чиј горен дел наликува на корсет, а одзади е подолг отколку од напред.
Фустанот со крем основа и бордо, виолетови и златни детали, Сури го комбинираше со златни сандали и бордо чантичка. На раката носеше букетче со виолетова кала, кое ѝ го подари партнерот, Тоби Коен.
Сури беше фотографирана со неколку нејзини другарки, додека чекаа лимузина да ги одведе на матурската прослава. Таа делува среќно и е насмеана, додека се фотографира со пријателите и партнерот.
А според американските медиуми, Тоби, кој студира музика, по малку потсетува на Том Круз, таткото кого Сури не го видела повеќе од 12 години.
Сури неодамна наполни 18 години, со што се стекна со легално право самата да решава дали ќе го види својот татко во иднина или не.
Пред неколку месеци таа аплицираше и на колеџ, и своето образование ќе го продолжи на универзитетот Carnegie Mellon, а ќе студира моден дизајн.
Повеќе фотографии од матурата на Сури Круз:
А. Ј. | Црнобело