Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс докажа дека е родител за пример?
-->
Освен што ја носела на родендени и се трудела да биде тука за неа, Кејти во една пригода рече дека сама ги готви оброците за нејзината ќерка и дека секое утро, пред да отиде Сури во училиште, таа се труди да ја испрати со домашно подготвен појадок.
Во 2017-та година рече дека мајчинството ѝ е најважната улога и дека постојано се труди прво да биде тука за својата ќерка, а потоа за сè друго.
За време на пандемијата, Кејти во интервју рече дека е благодарна за карантинот затоа што во тој период можеле заедно да сликаат, да шијат и да уживаат.
„Секој ден децата се оддалечуваат по малку од тебе. Тоа е позитивна работа. Треба да стануваат понезависни, но ти се крши срцето.
Сакаш да останат со тебе засекогаш, но тие се прекрасни суштества и мораш да направиш сè за да им го дадеш тоа што им треба – и тие ќе си заминат.
И тоа ќе биде многу тажен миг за мене“ – рече Кејти во една пригода.
-->
Инаку, што се однесува до карактерот на Сури, Кејти во една пригода рече дека таа е мошне упорна девојка со цврст карактер, особини кои во голема мерка потсетуваат и на нејзиниот славен татко.
„Таа ќе избере активност и ќе работи до крај сè додека не стане одлична во тоа што го прави. Потоа само ќе рече: ’Во ред треба да пробам нешто ново'. Таа е мошне фокусирана и трудољубива“ – рече Кејти.
Дали Сури ќе остане доследна на првичната одлука да нема никаков контакт со татко ѝ, останува да видиме.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко?
Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во...
Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 г...
Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен ра...