Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актерката Фрида Фарел
- Детали
- недела, 14 април 2024
„Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело робје. Јас всушност сум една од среќните“ – вели актерката Фрида Фарел, која за своето трауматично искуство кога била задржана како секс робинка направи и филм.
Фрида Фарел (47) е актерка со потекло од Шведска која отворено зборува за кошмарот што го доживеала кога 3 дена била држена како секс робинка.
Таа во 2016-та година го сними филмот Apartment 407 и на филмско платно ги оживеа настаните што ѝ се случиле.
Со години наназад Фрида отворено раскажува за нив со цел да ги предупреди младите девојки и жени кои со големи надежи тргнуваат да го остварат својот сон да станат модели и актерки.
Како што вели, филмот го снимила за да им помогне на другите жени, но и да докаже дека е преживеан херој, а не жртва.
„Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со робје. Јас всушност сум една од среќните – можам денес да седам и да зборувам за тоа.
Постојат голем број жени што ја немаат таа можност“ – изјави во една пригода Фрида.
Нејзината хорор-приказна се случила кога имала само 23 години и се преселила во Лондон за да започне да се образува како актерка во училиште за јавен говор и драма.
Тогаш сосема случајно го запознала извесен Питер од улицата Оксфорд кој ѝ рекол дека таа може да биде одличен модел за кампањата на Harley Davidson, ветувајќи ѝ заработка од 7.000 британски фунти.
Питер изгледал сосема нормално, бил вистински џентлмен и таа воопшто не забележала дека може да има лоши намери кон неа, кога отишла на пробна фотосесија во неговото „професионално“ фото-студио.
Проблемите настанале кога се вратила за вистинската фотосесија. Таа вели дека од моментот што се случил подоцна и до ден-денес има кошмари.
„Беше шармантен кога ми ја отвори вратата, а штом влегов дојде зад мене, ја заклучи вратата и го стави клучот во џебот.
Веднаш сфатив дека нешто не е во ред. Се сврте кон мене и извади нож. Во тој миг целосно се смрзнав. Сфатив дека ништо не е како што треба“ – раскажува Фрида.
По ова Питер ѝ дал носена долна облека и чаша млеко што ѝ наредил дека мора да ја испие.
Фрида вели дека знаела дека најверојатно во млекото има опојни супстанци и од денешна перспектива е благодарна што ја испила.
По ова ја однел во дневната соба, каде што ги соблекол панталоните и имал секс со неа. Набрзо потоа актерката се онесвестила и вели дека се разбудила во сосема друг стан.
„Беше многу паметно што така ме дезориентира затоа што не знаев каде се наоѓам.
И тој беше мудар – имаше извадено сè што можев да повлечам во станот.
Имаше мала кујна, но без фиоки, немаше врати, тоалетот немаше даска, ништо не можев да искористам како оружје“ – вели таа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





