Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“
- Детали
- недела, 09 март 2025
„Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро една година во размислување како да се убијам и ја правев секоја самоуништувачка работа што една личност може да ја направи“, рекла Ребека Гејхарт, која се прослави со серијата Beverly Hills 90210.
Актерката Ребека Гејхарт, која стана популарна со улогата на сопругата на Дилан (Лук Пери) во Beverly Hills 90210, пред 24 години, во 2001-ва, со својот автомобил, усмрти 9-годишно момче.
Иако се поминати скоро две и пол децении од несреќата, таа не може целосно да пронајде мир.
Неодамна, Ребека повторно зборуваше за трагичната сообраќајна несреќа поради која дури и размислувала да си го одземе животот.
Гејхарт возела во Лос Анџелес кога почнала да заобиколува автомобил кој наеднаш закочил пред неа. Како резултат на тоа, таа го удрила 9-годишниот Хорхе Круз Јуниор, кој подоцна починал од повредите.
„Се случи страшна несреќа. Почина деветгодишно дете. И, знаете, сè се промени потоа, и сè уште ми е тешко да зборувам“, рекла таа во едно интервју.
Актерката раскажала дека Хорхе истрчал на улица пробувајќи да фати фудбалска топка во моментот кога таа удрила во него.
Полицијата подоцна утврдила дека таа не била под дејство на алкохол или дрога и дека во моментот не можела да направи ништо за да ја спречи несреќата.
Наместо да оди во затвор, таа е осудена на условна казна од 750 часа општествено корисна работа. Возачката дозвола ѝ била одземена на една година.
Ребека ги платила трошоците за погребот на момчето и надвор од судот се спогодила со семејството на Хорхе да не ја тужат.
Но несреќата ја прогонувала, па таа дури и размислувала да си го одземе животот.
„Не се справив добро со тоа. Едноставно, не сакав да живеам по несреќата.
Поминав скоро една година во размислување како да се убијам и во основа ја правев секоја самоуништувачка работа што една личност може да ја направи“, рекла Ребека.
Таа вели и дека не можела да го прифати фактот што усмртила некого.
„Не можев да разберам. Дотогаш водев некој шармантен живот, иако порастнав во сиромаштија.
Имав само 30 години и мојот свет се преврте наопаку. Изгубив верба во сè, дури и го прашував Бог: ‘Зошто јас? Зошто Хорхе?’"
Но, по некое време решила да продолжи да живее, колку и да ѝ било тешко.
„Сè уште ги имам истите прашања, но денес можам да размислувам за нив и да сфатам дека заслужувам да бидам среќна, дека ми е судено да бидам на оваа планета, дека имам цел и дека живеам за да се искупам - иако тоа беше несреќа“.
Актерката и денес вели дека не може да замисли како се чувствувале и како се чувствуваат денес родителите на момчето, особено откако и таа самата станала мајка.
Ребека смета дека една активност ѝ помогнала да најде цел во животот, а тоа е нејзината работа со Chrysalis, непрофитна организација од Лос Анџелес која им обезбедува на бездомниците алатките што им се потребни за да најдат работа.
Три години по несреќата Ребека се омажи со ѕвездата на Grey's Anatomy, Ерик Дејн, со кого доби две деца.
Парот се разведе во 2018 година.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





