Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Детали за трагедијата во дискотеката во Доминиканска Република: Над 98 загинати, пејачот пеел за да го најдат под урнатините

Според последните информации од надлежните, бројот на жртви во дискотеката во Доминиканска Република се искачил до 98. Не е познато зошто се срушил покривот на дискотеката, а спасувачките екипи уште извлекуваат преживеани, но и загинати од урнатините.

detali-za-tragedijata-vo-diskotekata-vo-dominikanska-republika-nad-98-zaginati-ushte-se-izvlekuvaat-lugje-od-urnatinite01.jpg

Доминиканска Република се соочува со иста трагедија како и ние – во дискотека загинале најмалку 98 лица и над 160 се повредени, откако се срушил кровот.

Спасувачите уште се обидуваат да најдат преживеани под урнатините во дискотеката.

Што знаеме за големата трагедија во Доминиканска Република?

Дискотеката Jet Set во којашто се случи трагедијата е лоцирана во Санто Доминго и важела за една од најпопуларните во Доминиканска Република.

Била отворена во 1973 година, како ресторан и дискотека каде честопати гостувале и меѓународни ѕвезди.

Според локален весник, дискотеката била реновирана во 2010, а потоа и во 2015 година, додека во 2023 година била удрена од гром.

Секој понеделник, во дискотеката имало посебна програма, позната како Jet Set Mondays кога гостувале познати локални и меѓународни артисти.

Овој понеделник, односно ноќта на 7-ми април, во дискотеката гостувал пејачот Руби Перез кој е познат во Доминиканска Република.

Гостите платиле по 32 долари за влезница, како и 40 долари за VIP влезница. Се претпоставува дека внатре имало над 300 луѓе, додека некои медиуми споделуваат дека имало и околу 1.000 присутни.

Но, околу еден час откако почнал концертот на пејачот, се срушил покривот на дискотеката.

На видеата што се споделуваат на социјалните мрежи се гледа како прво паѓаат мали делчиња, и додека луѓето пробуваат да се тргнат, одеднаш паѓа целиот покрив.

Надлежните велат дека засега не можат да дадат точна причина зошто покривот се срушил.

Исто така, не е познато кога била направена последната безбедносна проверка во дискотеката од страна на надлежните.

Сопствениците на дискотеката не одговараат на новинарски прашања, но наводно соработувале со надлежните.

Првично, медиумите споделуваа дека има околу 40 загинати. Но, според последните новости, бројот на загинати се искачил на најмалку 98, додека повеќе од 160 лица се повредени.

Над 400 спасувачи, вклучувајќи и пожарникари, пробуваат да најдат преживеани, но и тела под урнатините на дискотеката.

Според надлежните, спасувачите можеле да слушнат извици од луѓе и затоа не губат надеж дека има преживеани.

Меѓу починатите е и пејачот кој настапувал ноќта. Според неговиот менаџер, концертот почнал кратко пред полноќ, а покривот се срушил еден час подоцна.

Од бендот на сцената веднаш загинал саксофонистот. Првично пејачот се водеше за исчезнат, но во изјава за локален медиум, ќерка му Зунлика Перез откри дека бил пронајден.

„Спасувачите го најдоа како пее, почнал да пее за да можат да го слушнат. Ќе го однесат (во болница) но уште го немаат извадено. Тоа е сè што знам“.

Подоцна локални медиуми споделија дека пејачот им подлегнал на повредите.

Неговиот менаџер се спасил бидејќи во последен миг успеал да се засолни во агол од дискотеката.

Во околината на дискотеката сцената е потресна – покрај спасувачките екипи, има и толпа луѓе кои чекаат какви било информации за своите сакани кои уште не се најдени.

Толпи луѓе има и пред болниците каде се однесени повредените.

Првата личност која повикала помош откако се случила трагедијата е Нелси Круз – гувернерка на покраина во Доминиканска Република, како и сестра на бејзбол ѕвездата Нелсон Круз.

Околу 50 минути по полноќ, таа му се јавила на претседателот на Доминиканска Република и му кажала дека е заробена под урнатини во дискотеката, откако се срушил покривот.

За жал, таа им подлегнала на повредите во болница.

Надлежните велат дека ќе има истрага и ќе споделат детали кога ќе знаат повеќе, но дека во овој миг приоритет е да се извлечат сите луѓе од под урнатините.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој е пејачот што загина во трагедијата во дискотеката во Доминиканската Република? Руби Перез првично имал амбиција да стане бејзбол играч, но сообраќајна несреќа ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
„Имам салон за гушкање за осамени луѓе – интересот е огромен, доаѓаат и жени жртви на насилство“ „Некои од моите клиенти се луѓе кои имале трауми, луѓе кои имаат страв од емоцио...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg