Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се)
- Детали
- сабота, 04 мај 2024
Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за една од нив до денес не е познато што ѝ се случило, додека останатите од нејасни причини се повлекоа од јавноста.
Пред Кејт Мидлтон да ја соопшти својата дијагноза, на социјалните мрежи почнаа да се шират безброј теории на заговор за нејзиното „исчезнување“.
Нормално, сите шпекулации се покажаа како лажни, а Кејт сподели со јавноста дека има рак и поради тоа не се појавува во јавност.
Но, додека мистеријата со нејзиното „исчезнување“ е решена, за некои принцези јавноста уште има безброј прашања.
фото: Инстаграм
Една од нив е принцезата Салма, поранешната сопруга на кралот Мохамед VI од Мароко.
Животната приказна на Лала Салма е многу интересна бидејќи таа била „обична“ жена, инженер по професија, сѐ додека не се омажила за кралот во 2002 година.
Во бракот, парот добил син и ќерка - принцот Мулај Хасан и принцезата Лала Хадија.
Народот едноставно ја обожувал принцезата поради нејзиниот одговорен пристап кон кралските должности, учеството во хуманитарни акции, основањето на фондација која се занимава со превенција и третман на рак...
Таа негувала одлични односи со првите дами и кралици на други земји, како што се кралицата Летиција од Шпанија и кралицата Ранија од Јордан.
Но, одеднаш исчезнала.
Лала Салма ненадејно престанала да се појавува во јавноста во 2017 година, по што започнале да се шират разни шпекулации.
Следната година во јавноста се појавила информација дека кралот и принцезата се развеле.
После сѐ, кралицата првпат била видена во 2019 година, а последен пат била видена во 2021 година.
Во 2022 година се пишуваше дека својот 44 роденден го прославила на кралскиот имот и денес живее далеку од очите на јавноста.
фото: Инстаграм
Шеикот Мухамед ибн Рашид ал-Мактоум, премиер и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Дубаи, постојано е актуелен во медиумите од разни причини. Се женел минимум 7 пати и е татко на 26 деца.
Едно од најпознатите негови деца е принцезата Шамса бинт Мохамед ал Мактум, родена на 15 август 1981 година во Дубаи.
Шеикот ја добил Шамса од бракот со Хурија Ахмад Ламар.
Шеикот со една од сопругите
Интересно е тоа што Шамса неколкупати се обидела да избега од семејството.
Првиот пат тоа се случило во јули 2000 година, додека била на одмор во Обединетото Кралство, а потоа успеала да побегне и останала кај пријател во Лондон.