Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се)
Сепак, медиумите тогаш пишувале дека Шамса била киднапирана во август, во Кембриџ, од мажи кои работеле за нејзиниот татко, а потоа ја вратиле во Дубаи.
Во 2020 година, судот во Британија утврдил дека нејзиниот татко го организирал киднапирањето.
Еден од имотите на шеикот во Англија
Министерството за надворешни работи тврдело дека шеикот се обидел да интервенира кај британската влада во врска со полициската истрага.
Шамса воопшто не е видена во јавноста од 2020 година, а нејзината сестра Латифа кажала дека Шамса поминала осум години во затвор по бегството.
И животот на принцезата Латифа, сестрата на Шамса, исто така е мистерија за јавноста.
Латифа е родена на 5 декември 1985 година.
Во март 2018 година, таа се обидела да избега од Обединетите Арапски Емирати, со помош на францускиот бизнисмен Ерве Жоберт и финската инструкторка по боречки вештини Тина Јаухијаинен.
По неколку дена од бегството, специјалните сили ја пресретнале нивната едрилица на пат кон Индија и ја вратиле принцезата дома.
Тина за медиумите изјавила дека додека кралот ја влечел Латифа, таа клоцала и му велела да ја убие.
Принцезата Латифа објавила и видео во кое вели дека нема слобода во својата земја, дека е затворена, мачена и тепана цел живот.
Во видеото се осврнува и на обидот за бегство на нејзината сестра Шамса и вели таа била дрогирана откако била вратена дома.
Латифа истакнува дека нејзиниот татко се грижи само за неговата репутација, дека е „чисто зло“ и дека таа веќе се обидела да избега во 2002 година, по што, како што вели, била затворена и физички измачувана со години.
По обидот за бегство, принцезата била видена само во неколку наврати во Дубаи, Шпанија и Исланд.
Инаку, луѓето започнале и кампања #FreeLatifa која траела три години и била прекината во 2021 година, по што се појавија гласини дека Латифа денес е слободна и е во добра состојба.
Сега се претпоставува дека принцезата живее во Париз.
С. Ш. | Црнобело