Принцезата од Дубаи „го откачи“ сопругот преку Инстаграм, 1 година откако потрошија 50 милиони долари за свадба

Пред една година направија кралска свадба, во мај добија ќерка, а сега се чини дека се разведуваат. 

princezata-od-dubai-go-otkachi-soprugot-preku-instagram-1-godina-otkako-potroshija-50-milioni-dolari-za-svadba-01.jpg

Инстаграм објавата на ќерката на владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, Махра, е топ тема во најголем број од светските медиуми.

princezata-od-dubai-go-otkachi-soprugot-preku-instagram-1-godina-otkako-potroshija-50-milioni-dolari-za-svadba-15.jpg

Таа во последната објава му порача на нејзиниот сопруг, шеикот Мана Бин Мохамед Бин Рашид Бин Мана Ал Мактум, дека се разведува од него, затоа што тој е премногу зафатен.

„Драг сопругу, додека ти се зафатен со други придружници, јас објавувам дека се разведуваме. Јас се разведувам од тебе, јас се разведувам од тебе и јас се разведувам од тебе.

Сè најдобро, твојата поранешна сопруга“ – му порача Махра.

Ова известување изненади многумина, особено ако се земе предвид дека парот стапи во брак пред нешто повеќе од една година.

princezata-od-dubai-go-otkachi-soprugot-preku-instagram-1-godina-otkako-potroshija-50-milioni-dolari-za-svadba-02.jpg

Што знаеме за кралската двојка од Дубаи?

Семејството на престолонаследничката на Дубаи минатата година приреди кралска свадба, на која не се штедело на деталите.

princezata-od-dubai-go-otkachi-soprugot-preku-instagram-1-godina-otkako-potroshija-50-milioni-dolari-za-svadba-03.jpg

Според пишувањата во некои светски медиуми, за луксузната забава во Dubai World Trade Center биле потрошени 50 милиони американски долари.

princezata-od-dubai-go-otkachi-soprugot-preku-instagram-1-godina-otkako-potroshija-50-milioni-dolari-za-svadba-06.jpg

Махра носеше дизајнерска венчаница, а целиот изглед го надополни со накит од дијаманти и дијамантски часовник, а можеше да се види дека парот имал огромна торта на неколку катови, која ја пресекле со меч.

princezata-od-dubai-go-otkachi-soprugot-preku-instagram-1-godina-otkako-potroshija-50-milioni-dolari-za-svadba-04.jpg

Прочитајте и Сопругата го изневерувала, а треба да ѝ плати 728 милиони долари по разводот, има 30 деца: Факти за владетелот на Дубаи

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Потрошив 50.000 долари за да личам на Мерилин Монро – мислам дека не ми стои добро“ Направила операции на градите, носот, задникот, вградила ботокс и филери, коишто...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Свекорот ми се додворува кога сопругот не е дома – Што да правам?“ Како би реагирале вие кога би се нашле во ваква ситуација? Млада жена споделува ...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
16 години ја крие од целиот свет – Која е сопругата на „крвавиот принц“ од Саудиска Арабија? Западните медиуми пишуваат дека еднаш била толку претепана што морала да заврши ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg