Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да ги измами сите
- Детали
- сабота, 24 август 2024
Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „најубав Арап во светот“.
Ал Гала е роден во Багдад, но детството го поминал во Дубаи.
Манекенот Омар Боркан Ал Гала станал популарен откако во 2013 година се проширила вест дека бил протеран од Саудиска Арабија, бидејќи бил многу убав.
Токму оваа приказна му ја донела титулата „најубав Арап“.
Имено, инцидентот се случил за време на фестивал во Ријад, каде тој и уште две манекенки работеле на штанд околу кој се собрале жени.
Младиот Боркан танцувал непримерно, а верската полиција побарала од него да го напушти штандот во Ријад, бидејќи законот не дозволувал мажите на тој начин да комуницираат со жени со кои немаат никаква поврзаност.
Боркан измислил своја верзија на настанот
Боркан тогаш во јавност ја проширил приказната дека од Саудиска Арабија бил протеран само затоа што е многу убав.
Неговата верзија била дека тој како модел на почеток на својата кариера, на фестивалот бил препознаен од неколку девојки, кои барале автограм од него, после што почнала да се собира публика околу штандот.
Тоа не ѝ се допаднало на полицијата.
Благодарение на неговата приказна Боркан бил прогласен и за „најубав Арап во светот“.
По протерувањето се преселил во Ванкувер, каде живее и денес.
Во 2015 година, на жалост на обожавателките, објавил дека се оженил со Јасмин Овејдах.
Медиумите тогаш шпекулирале дека неговата избрничка изгледа мажествено и дека подлегнала на премногу пластични операции.
Парот не обрнувал внимание на ваквите коментари, а круна на нивната љубов е синот кој го добиле во 2016 година.
Омар и Јасмин се развеле 2 години по раѓањето на синот.
фото: Фејсбук
Поради нов инцидент повторно бил депортиран од Дубаи.
Во 2021 година Боркан повторно бил депортиран од Дубаи и тоа затоа што на својот Инстаграм профил објавил снимка на која се гледа како пуши марихуана.
Тогаш се огласил и командантот за кривична истрага во Дубаи, кој навел дека е одлучено Боркан да се депортира од Емиратите, бидејќи промовира неморал.