Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените?
- Детали
- среда, 06 ноември 2024
Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ќе се грижат за сметките во домаќинството, па им ја даваат целата своја плата. Што мислите за оваа практика?
Во Јапонија многу мажи имаат навика целата своја плата и заработувачка да им ја даваат на своите сопруги, а тие да добиваат месечен џепарлак (наречен okozukai) за да си купат цигари, пиво и слично.
Според едно истражување на истражувачкиот институт „Softbrain Field“ дури 74% од жените ги контролираат парите и трошењето во јапонските домаќинства.
Мажите не се пресреќни што им ја даваат целата плата на жените, но веруваат дека мора да заработат пари за своето семејство, па дури и тоа да значи нивно лично страдање.
Оваа практика покажува дека Јапонците имаат комплетна доверба и транспарентност во бракот и верба дека жената одговорно ќе се грижи за дневните трошоци.
Ова особено важи за оние семејства кога жената не работи и останува дома за да се грижи за семејството.
Што мислите за оваа практика?
C. C. | Црнобело / фото: freepik.com