Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца

„Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жена која посегнала по сопствениот живот, но имала среќа да биде спасена и денес да се труди да им помогне на сите кои се борат со суицидни мисли, раскажувајќи ја својата приказна.

zhena-33-se-obidela-da-se-frli-pod-voz-mazhot-shto-ja-spasil-denes-i-e-soprug-so-kogo-ima-3-deca-01.jpg

Понекогаш реалните приказни раскажани од обични луѓе се повозбудливи и од сценарија во романи и во филмови.

Таква е и приказната на Шарлот Леј (33) од Англија која буквално му го должи животот на нејзиниот сопруг, а за британските медиуми ја раскажува приказната за нивната необична средба.

Таа од тинејџерските денови страдала од голем број ментални нарушувања, меѓу кои и ПТСД, заради што еден ден во 2019-та година одлучила да стави крај на страдањето, легнувајќи пред возот на шините во близина на Западен Јоркшир.

zhena-33-se-obidela-da-se-frli-pod-voz-mazhot-shto-ja-spasil-denes-i-e-soprug-so-kogo-ima-3-deca-02.jpg

Машиновозачот, Дејв Леј добил загрижувачки повик од операторите кои му кажале дека некој легнал на шините, заради што веднаш го запрел возот. Кога ја видел Шарлот на шините, тој клекнал до неа и ѝ се претставил.

Тој ѝ рекол дека ќе разговараат сѐ додека таа не се чувствува подобро, а потоа ѝ рекол дека ќе се качи во возот.

Откако разговарале половина час, Дејв ја натерал да се качи во возот, по што ја однел до следната станица, каде ја предал на полицијата.

zhena-33-se-obidela-da-se-frli-pod-voz-mazhot-shto-ja-spasil-denes-i-e-soprug-so-kogo-ima-3-deca-03.jpg

Шарлот следниот ден сакала да му се заблагодари на Дејв, па објавила на Фејсбук молба до луѓето што го познаваат да ѝ помогнат да стапи во контакт со него.

„Ќе разберев ако не сакаше да разговара со мене, но само сакав да му се заблагодарам затоа што ми посвети време и се однесуваше со мене како да сум човечко суштество“ – вели Шарлот.

zhena-33-se-obidela-da-se-frli-pod-voz-mazhot-shto-ja-spasil-denes-i-e-soprug-so-kogo-ima-3-deca-04.jpg

На крај, на Шарлот ѝ се насмевнала среќата и нејзината објава била забележана од еден колега на Дејв, кој ѝ го дал телефонскиот број, а таа веднаш му пратила порака. Но, Шарлот не знаела дека и Дејв истовремено се распрашувал и сакал да дознае што се случило со девојката што ја спасил претходниот ден.

„Морав да знам дали е добро.

Се јавив во полиција за да дознаам што се случило.

Се чувствував должен да дознаам дали таа е добро.

Некако брзо се зближивме покрај шините и убаво ми беше да знам дека сум успеал да помогнам некому“ – вели Дејв.

zhena-33-se-obidela-da-se-frli-pod-voz-mazhot-shto-ja-spasil-denes-i-e-soprug-so-kogo-ima-3-deca-05.jpg

Откако тој ѝ вратил на пораката и ѝ пишал дека може да му се јави кога и да се чувствува дека ѝ треба некој за разговор, тие почнале да се допишуваат секојдневно. Два месеци подоцна одлучиле да се најдат на кафе заедно и така започнала нивната романтична приказна.

Во 2020-та година Шарлот му била најголема поддршка на Дејв, кога му бил дијагностициран рак на тестисите. Тој вели дека таа е виновна што отишол навреме на лекар и успеал да се избори со болеста.

„Можеби Шарлот ќе рече дека јас ѝ го спасив животот, што не знам дали е точно, но знам дека таа го спаси мојот живот“ – вели Дејв.

zhena-33-se-obidela-da-se-frli-pod-voz-mazhot-shto-ja-spasil-denes-i-e-soprug-so-kogo-ima-3-deca-07.jpg

Во 2022-ра година парот стапил во брак, а Шарлот веќе била бремена со првото дете. Денес се родители на три деца, а ја раскажуваат својата приказна за да им покажат на другите дека животот навистина е убав.

„Навистина, животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – им порачува Шарлот на сите оние што се борат со суицидни мисли и помислуваат да посегнат по сопствениот живот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg