„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“
- Детали
- понеделник, 30 септември 2024
Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин на живот се погрешни, но и кои правила мора да ги следат кога одат на гости.
Нудистите се луѓе кои преферираат да бидат голи.
Секако, не се соблекуваат во јавност, но кога се својот дом, па и на гости кај други нудисти, не носат облека.
За повеќето нудизмот е необична практика и многумина погрешно го поврзуваат со секс.
Поради ова, за Daily Mail, неколку нудисти откриваат детали од нивниот начин на живот, а ги споделуваат и најголемите недоразбирања што јавноста ги има за нив.
„Постојат некои правила што ги следиме сите. На пример, ако одам на гости кај нудисти, со мене секогаш си носам и крпа за да седам на неа.
Има многу вакви работи, како непишани правила“, вели Нил од Англија кој е нудист.
Британецот Ричард, пак, кој е нудист од 1974 година, вели дека е погрешно што луѓето го поврзуваат нудизмот со секс.
„Многу луѓе мислат дека нашиот начин на живот е поврзан со секс. Тоа е првото нешто на коешто помислуваат.
Повеќето ја соблекуваат облеката само кога се тушираат или кога имаат секс. Па, мислат дека штом не се тушираме, а сме голи, сигурно имаме секс. Но, ова не е воопшто точно“.
Друг нудист, 73-годишната Мелани, вели дека кај нудистите, никој не обрнува внимание на изгледот на телото.
„Сите ние изгледаме различно. Но, ова не е воопшто важно.
Бидејќи, кога разговарате со нудист, вие разговарате со него како личност, а не со неговото тело“.
55-годишната Фиона и нејзиниот сопруг Мајк исто така се нудисти, а велат дека многу луѓе го пробуваат овој начин на живот со погрешни очекувања.
Односно, стануваат дел од заедница нудисти и очекуваат да имаат секс, но на крај сфаќаат дека тоа не се случува.
„Кога луѓето ќе дојдат со погрешна замисла, мислат дека сме се собрале за оргија. Па, по десетина минути, разочарани си одат дома.
Мислам дека луѓето го поврзуваат нудизмот со секс забави. Но, ние не сме чудаци. Ние сме обични луѓе, само не сакаме да носиме облека“.
Поради ваквите митови, Фиона вели дека кога организираат некој настан, мора да преземат посебни мерки.
„Луѓето кои очекуваат секс се истакнуваат поради однесувањето. Ако нешто излезе од контрола, ги бркаме од настанот.
Постојат правила кои треба да се следат. На пример, кога разговарате со некого, не треба да го гледате во градите или гениталиите. И, кога одите некаде, секогаш треба да седите на крпа“.
Спирова С. | Црнобело