Жените самите бараат да бидат камшикувани во племе во Етиопија (колку повеќе лузни - толку поголема почит)
- Детали
- вторник, 25 март 2025
Хрватот Кристијан Иличиќ престојува во Етиопија и ни споделува трагични детали од животот на жените во некои племиња таму. „Жените кога се камшикувани - не ја покажуваат болката, не плачат, не се откажуваат. Лузните што ги добиваат не се срам – туку гордост за нив“, раскажува Кристијан. Предупредување: Вознемирувачки фотографии.
Хрватот Кристијан Иличиќ, кој стана еден од ретките луѓе на светот кои ги имаат посетено сите 197 земји, е патувачки блогер со повеќе од 574.000 следбеници на Инстаграм.
Периодов тој престојува во Етиопија, од каде на социјалните мрежи го доловува животот на некои племиња оттаму.
Тој говори за бизарната традиција дека жените треба да бидат камшикувани за да покажат сила и гордост.
Кристијан сподели фотографии и од лузните на нивните тела.
Неговата објава гласи:
„Тие сакаат да бидат камшикувани.
Не затоа што уживаат во болката. Туку затоа што така ја покажуваат храброста, силата, лојалноста, убавината.
Во племето Хамар, длабоко во долината Омо во Етиопија, жените самите бараат да бидат камшикувани за време на традиционалната церемонија на иницијација на момчињата во мажи.
Додека момчето прескокнува бикови за да ја докаже својата машкост и зрелост, жените – неговите сестри, братучетки и пријателки – застануваат пред мажите и бараат удари.
Тие не ја покажуваат болката, не плачат, не се откажуваат. Лузните што ги добиваат не се срам – туку гордост.
Секој рез на нивниот грб раскажува приказна – за преданост кон семејството, за женска сила, за традиција стара стотици години.
Во нивните очи, колку повеќе лузни – толку поголема почит.
Ова не е лесно да се гледа. И не е лесно да се разбере ако гледаш однадвор. Но токму затоа – треба да се гледа со отворено срце.
Различноста не треба да нè оддалечува – туку да нè научи дека постојат повеќе вистини, повеќе вредности, повеќе начини на постоење“.
Предупредување: Во галеријата (на стрелката десно) има и некои вознемирувачки фотографии:
Потоа, Кристијан сподели и видео посветено на навиките во друго племе.
„Женско генитално осакатување на девојки
Во племето Дасанaч (Daasanach), девојчињата на 11, 12, 13, 14 години – крвави, преплашени, без никаков избор.
Во колиба од кал, на жените им ги сечат гениталиите со обичен брич. Без анестезија. Без стерилни услови. Само болка, врескање и трајни физички и психички трауми.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





