Жените самите бараат да бидат камшикувани во племе во Етиопија (колку повеќе лузни - толку поголема почит)

Уште едно трауматично сведоштво на Кристијан за етиописко племе:

„Речиси сите деца што ги гледате на оваа фотографија некогаш биле целосно отфрлени од општеството. Сега се наоѓаат во сиропиталиште каде што се спасени, откако – без да бидат виновни за ништо – биле осудени на смрт.

Овие деца се нарекуваат „минги деца“. Во некои заедници во долината Омо во Етиопија, „минги“ значи дека детето е проклето – поради суеверие како раѓање вон брак, без одобрение од старешините, поради тоа што се близнаци или дури поради нешто толку банално како што е растење на горните заби, пред долните.

Се верува дека такво дете носи несреќа за целото село.

Поради тие верувања, многу деца биле убиени. Некои биле фрлани во шума, во река, некои на крокодили. Да, буквално.

Имав можност да направам интервју со мајка која ги убила своите три деца – и тоа беше крајно потресно. (фотографија долу)

zhenite-samite-baraat-da-bidat-kamshikuvani-vo-pleme-vo-etiopija-kolku-povekje-luzni-tolku-pogolema-pochit-08.jpg

Исто така, имав можност да видам девојчето што неодамна беше спасено. (фотографија долу) Била фрлена да умре – само затоа што е „минги“ – но за среќа, беше пронајдена во последен момент.

zhenite-samite-baraat-da-bidat-kamshikuvani-vo-pleme-vo-etiopija-kolku-povekje-luzni-tolku-pogolema-pochit-07.jpg

Кога лично ќе застанеш пред тоа дете, кога ќе те погледне во очи... тешко е да се опише. Потресно, мачно, срцепарателно.

Исто така, поминав време во тоа сиропиталиште, ги запознав овие неверојатни деца, ги слушнав нивните приказни и видов колку малку е потребно за некому целосно да му се смени животот.

Оваа приказна мора да се слушне.

На есен, овие приказни ќе бидат прикажани низ 4 документарни епизоди, раскажани од мене“.

 

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
„Дечко ми ме викна и потоа го однесе бран - телото го најдоа по неколку месеци“: Петра Немцова се по... „Сè се случи во секунда. Погледнав низ прозорецот и во следниот момент огромен б...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg