„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа досега?“

Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршуваат и „женските“ обврски е причина за неизбалансираниот однос во семејствата. Таа нашла решение за овој проблем, така што му наплаќа на сопругот за да ги завршува секојдневните обврски во домот.

soprugot-mi-plakja-po-100-dolari-nedelno-za-da-chistam-i-da-gotvam-zoshto-ova-mi-e-najdobrata-rabota-dosega-01.jpg

Алиса Али Ди е 28-годишна Американка која се најде на удар на феминистките и борците за права на жените, откако ја сподели својата приказна, за тоа како се откажала од постојаното работно место за да биде домаќинка.

Според NewYork Post Алиса го запознала својот сопруг Том (51) додека заедно работеле во војска и почнале да се состануваат додека таа сè уште работела и студирала.

Таа вели дека воопшто не очекувала дека животот целосно ќе ѝ се промени и дека своите амбиции еден ден ќе ги замени за живот на домаќинка, но воопшто не жали за тоа.

soprugot-mi-plakja-po-100-dolari-nedelno-za-da-chistam-i-da-gotvam-zoshto-ova-mi-e-najdobrata-rabota-dosega-06.jpg

Откако сопругот ја побарал за сопруга, таа сфатила дека нејзиниот свршеник посакува таа да може да им обрнува малку повеќе внимание на домот и нему, па сфатила дека нивниот однос би можел само да се подобри ако таа остане дома.

Том прво не бил сигурен, но потоа се договориле дека тој ќе ѝ плаќа по 100 долари неделно за да може да се почести со кафе и грицки, кога оди да пазари сè што треба за домот. А „платата“ што таа ја добива од него е околу 1 третина од она што жените во САД вообичаено го заработуваат.

„Таа нема кредитни картички и сè што купува, купува од мојата сметка, така што јас имам увид што прави. Алиса не купува ништо што не ѝ е потребно и навистина е финансиски дисциплинирана“ – вели сопругот.

soprugot-mi-plakja-po-100-dolari-nedelno-za-da-chistam-i-da-gotvam-zoshto-ova-mi-e-najdobrata-rabota-dosega-05.jpg

Том сега вели дека навистина е среќен што имаат традиционален однос во домот.

„Јас сум тука за да ни обезбедам кров над главата, заштита и финансии. За возврат барам само чист дом, за да можам целосно да се фокусирам на работата“ – вели тој.

Според Алиса ова е најдобрата работна позиција што ја имала во животот и во моментов заработува повеќе отколку што заработувала кога одела на работа.

„Алтернативата е да одите да работите за шеф. Треба да ви биде јасно дека на тој шеф не му е грижа за вас. Може да ве избрка од работа секој ден, а јас знам дека маж ми нема да ме отпушти“ – вели таа.

soprugot-mi-plakja-po-100-dolari-nedelno-za-da-chistam-i-da-gotvam-zoshto-ova-mi-e-najdobrata-rabota-dosega-04.jpg

Освен што се грижи за домот, Алиса редовно објавува содржини на својот Јутјуб канал, каде покажува како вообичаено изгледа нејзиниот живот и е позната во заедницата на т.н. традиционални сопруги, но не се сложуваат сите со нејзините животни одлуки.

Оваа домаќинка тврди дека на Reddit се соочила со голем број негативни коментари од феминистките кои за неа велат дека живее на сметка на сопругот и дека ја мрзи да работи.

„Бара само 100 долари неделно … Која жена што бара материјална корист ќе побара толку малку пари?“ – прашува нејзиниот сопруг.

Според Алиса, пак, најголемиот број парови кои живеат во модерни врски и бракови не се среќни затоа што мажите треба да ги преземат и „женските“ работи, а жените „машките“ обврски во семејството и тоа е причина за да се создаде неизбалансирана динамика.

soprugot-mi-plakja-po-100-dolari-nedelno-za-da-chistam-i-da-gotvam-zoshto-ova-mi-e-najdobrata-rabota-dosega-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg