„Јас сум разгалена домаќинка во Дубаи, за Божиќ си добив филери и Dior чанта за моето бебе“

„Мене накитот на мојата ќерка ми е поважен од нејзиното образование, затоа што ако е богата, убава и паметна, нема да треба да работи за да живее убаво“, вели една разгалена домаќинка од Дубаи, која поттикнува контроверзии и критики од јавноста.

jas-sum-domakjinka-vo-dubai-za-bozhikj-si-dobiv-fileri-i-dior-chanta-za-moeto-novorodenche-01.jpg

Линда Андраде (25) е домаќинка од Дубаи која на Инстаграм е позната како „Original Dubai Housewife“.

Постојано споделува фотографии и видеа од својот луксузен стил на живот.

На ТикТок има дури 1.2 милиони следбеници.

Вели дека заработува многу преку социјалните мрежи и дека тие пари ги користи како џепарлак.

Нејзиниот раскошен стил на живот со кој обожава да се фали, како и тврдењето дека образованието не е важно, туку мисијата да се омажите богато, многумина ги иритира и таа постојано е мета на негативни критики.

jas-sum-domakjinka-vo-dubai-za-bozhikj-si-dobiv-fileri-i-dior-chanta-za-moeto-novorodenche-02.jpg

Сега, таа открива што добила од сопругот Рики, по повод католичкиот Божиќ, кој го слави иако е од муслиманска вероисповед:

„На првиот Божиќ заедно, мојот сакан Рики ми даде 10-каратни дијамантски обетки, а сега добив филери, со навистина висока цена, за да го одбележиме нашиот 10-ти Божиќ заедно.

jas-sum-domakjinka-vo-dubai-za-bozhikj-si-dobiv-fileri-i-dior-chanta-za-moeto-novorodenche-03.jpg

За моето новородено бебенце Амира тој купи чанта Dior, а ќе одиме дополнително на шопинг во гламурозните молови во Дубаи. Тие ни се втор дом.

За нашата ќерка ќе има, се разбира, и облека, чевли, накит и играчки.

jas-sum-domakjinka-vo-dubai-za-bozhikj-si-dobiv-fileri-i-dior-chanta-za-moeto-novorodenche-04_copy.jpg

Всушност, листата на ќерка ми Амира за подароци е дури подолга од мојата. На секое бебе од муслиманска вероисповед му е потребно многу злато.

Искрено, мене нејзиниот накит ми е поважен од нејзиното образование, затоа што ако е богата, убава и паметна, нема да треба да работи за да живее убаво.

jas-sum-domakjinka-vo-dubai-za-bozhikj-si-dobiv-fileri-i-dior-chanta-za-moeto-novorodenche-05.jpg

Уште кога ќерка ми имаше само неколку дена потрошив 2.800 eвра за да ѝ купам златна цуцла и 5.700 евра за Dior бебешка количка.

jas-sum-domakjinka-vo-dubai-za-bozhikj-si-dobiv-fileri-i-dior-chanta-za-moeto-novorodenche-10.jpg

Мојот сопруг Рики постојано ѝ купува скапи брендирани чанти, но јас го потсетувам да не заборава на мене и секојпат кога ѝ купува неа чанта да ми купи и мене.

jas-sum-domakjinka-vo-dubai-za-bozhikj-si-dobiv-fileri-i-dior-chanta-za-moeto-novorodenche-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Дубаи – спектакуларно шоу со огномет, Вухан – со балони: Како градовите низ светот ја дочекаа 2025 г... Огномет над Бранденбуршка порта во Берлин, 2025-та испишано на Триумфална капија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg