Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео)
- Детали
- петок, 06 септември 2024
Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапонија сонува секој родител во Македонија, зарем не?
Во Македонија навистина ни недостигаат забавни паркови каде нашите дечиња можат безгрижно да се забавуваат и дружат.
Но, за разлика од кај нас, ситуацијата во Јапонија е комплетна спротивност.
Никел Микелсен e мајка која од САД се преселила во Јапонија и открива дека оваа држава располага со неверојатни забавни паркови за деца.
Таа своето воодушевување го споделува на ТикТок.
Преку видео ја доловува атмосферата од еден парк во Окинава, каде од зип лајн до тобогани, децата можат да се забавуваат на најразлични начини, па дури и родителите со нив.
Откако ќе го погледнете нејзиното видео ќе посакате да си ги растете децата таму:
@nickellemick Parks in Japan 🛝🇯🇵 living in Okinawa, Japan… one of my most kid friendly cultures I’ve ever experienced.
♬ Keeping Your Head Up (Jonas Blue Remix) [Radio Edit] - Birdy
С. С. | Црнобело