Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“

„Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов како целата надеж исчезна од неговото лице“ – вели мајка од Англија, која објаснува дека морала да донесе тешка одлука и да не го пушти синот на екскурзија, затоа што немала финансии.

ispoved-na-majka-se-sramam-shto-nemam-pari-da-gi-pushtam-decata-na-ekskurzii-se-sramam-koga-mi-nudat-pomosh-01.jpg

Голем број луѓе сметаат дека финансиските проблеми се секојдневие само кај нас, во Македонија, но очигледно е дека со тоа се соочуваат голем број мајки, ширум светот.

Не сме само ние тие што нервозно мора да смислуваме изговори за да не ги пуштиме децата на екскурзија, да бараме брзи решенија за да не им го скршиме срцето.

ispoved-na-majka-se-sramam-shto-nemam-pari-da-gi-pushtam-decata-na-ekskurzii-se-sramam-koga-mi-nudat-pomosh-03.jpg

Таква е и приказната на Шарлот Хигинс (45) од Довер, Англија, мајка на две деца која е вработена во училиште.

Весникот The Sun ја пренесува нејзината исповед, во која таа раскажува како со скршено срце морала да го одбие синот и да не му дозволи да оди на училишната екскурзија, затоа што тоа за неа било едноставно прескапо.

ispoved-na-majka-se-sramam-shto-nemam-pari-da-gi-pushtam-decata-na-ekskurzii-se-sramam-koga-mi-nudat-pomosh-02.jpg

Како што вели, срцето ѝ било скршено кога синот ѝ донел да потпише согласност за училишно патување во Њујорк, коешто чинело 3.000 евра.

„Бев возбудена, но откако го дочитав документот станав вознемирена. Бараа неверојатни 3.000 евра за една недела.

Се чувствував ужасно додека размислував дека тој ќе мора да го пропушти патувањето, а сите негови другари ќе одат во авантура“ – раскажува таа.

ispoved-na-majka-se-sramam-shto-nemam-pari-da-gi-pushtam-decata-na-ekskurzii-se-sramam-koga-mi-nudat-pomosh-04.jpg

Мајката си дала време да размисли и сфатила дека едноставно нема намера да го пушти синот да оди на екскурзијата.

„Ми беше тешко да му ја соопштам одлуката.

Видов како целата надеж исчезна од неговото лице.

Но, му понудив подобро решение.

Му ветив дека сите заедно ќе одиме во Њујорк како семејство.

Се надевав дека ова ќе го смири, и за чудо, така беше“ – раскажува таа.

ispoved-na-majka-se-sramam-shto-nemam-pari-da-gi-pushtam-decata-na-ekskurzii-se-sramam-koga-mi-nudat-pomosh-05.jpg

Шарлот вели дека секогаш се трудела да им овозможи нa нејзините деца да одат на поевтините екскурзии, но овојпат едноставно не можела да си дозволи.

Кога слушнале за екскурзијата, блиските и пријателите се обиделе да ѝ понудат помош за нејзиниот син да оди, но таа ги одбила.

„Тешко е затоа што секогаш се чувствувам засрамено ако прифатам помош. Сакам сама да можам да платам за моите деца“ – вели таа.

ispoved-na-majka-se-sramam-shto-nemam-pari-da-gi-pushtam-decata-na-ekskurzii-se-sramam-koga-mi-nudat-pomosh-06.jpg

Шарлот ја сподели приказната со цел да укаже дека голем број родители често се наоѓаат во вакви дилеми кога треба да платат за патувањата и екскурзиите на нивните деца.

Што мислите вие? Во ред ли е на децата да им се нудат скапи екскурзии кои некои родители едноставно не можат да си ги дозволат?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg