Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фото)

Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао Паоло, претворајќи ја областа во зелена оаза. Добил поддршка од властите, кои во шумата среде градот додале клупи, игралишта, велосипедски патеки и тоалети.

bravo-brazilec-posadil-40-000-drvja-vo-sao-paolo-i-napravil-zelena-oaza-srede-gradot-foto-01.jpg

Зеленилото во градовите, особено поголемите, е неопходно, и тоа не само од естетски причини.

Дрвјата ослободуваат кислород, но прават и сенки кои во летниот период имаат огромно влијание врз температурата во градот.

Притоа, од дрвјата зависат многу животни и инсекти, а понови истражувања покажуваат и дека зеленилото го намалува стресот кај луѓето – нешто што сигурно и самите го имате забележано.

Но, со забрзаната урбанизација, во бројни градови ширум светото доминира сивилото.

Свесен за ова, бизнисмен од Бразил решил самиот да му подари парк, односно мала шума на неговиот град.

bravo-brazilec-posadil-40-000-drvja-vo-sao-paolo-i-napravil-zelena-oaza-srede-gradot-foto-02.JPG

Во период од 20 години, бизнисменот Хелио да Силва посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло кои се протегаат како шума низ градот.

Дрвјата зафаќаат површина со должина од 3,2 километри и ширина од сто метри и наликуваат на мала џунгла среде хаотичниот град.

Дрвјата се посадени покрај реката Такуари, чиј брег со години бил запоставен.

bravo-brazilec-posadil-40-000-drvja-vo-sao-paolo-i-napravil-zelena-oaza-srede-gradot-foto-05.JPG

Имено, пустошот околу реката станал и проблематично место во градот, каде што често се собирале и криминалци.

Бразилецот Хелио решил да го промени изгледот на речниот брег во 2003 година, додека шетал со сопругата низ „напуштената, опустошена и валкана област“.

Тој почнал да сади дрвја на брегот без дозвола од властите, користејќи свои пари.

bravo-brazilec-posadil-40-000-drvja-vo-sao-paolo-i-napravil-zelena-oaza-srede-gradot-foto-03.JPG

73-годишниот Хелио проценува дека трошел околу 7.000 евра годишно за да го создаде паркот.

Дури во 2008 година властите од Сао Паоло решиле да се вклучат, па и официјално го пренамениле земјиштето околу реката за парк.

По некое време, и властите почнале да му помагаат, градејќи игралишта, велосипедски патеки, тоалети и клупи во паркот и околу него.

Во паркот веќе се населени и птици, а експертите забележале околу 45 различни видови.

Дрвјата што ги посадил Хелио ја спречуваат ерозијата на речниот брег, а истовремено ја намалуваат и температурата во Сао Паоло и го подобруваат квалитетот на воздухот.

bravo-brazilec-posadil-40-000-drvja-vo-sao-paolo-i-napravil-zelena-oaza-srede-gradot-foto-04.JPG

Бизнисменот, кој денес е во пензија, вели дека сега ги минува деновите грижејќи се за дрвјата, а планира да продолжи со садење.

Повеќе фотки од Хелио и неговиот парк:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg