„Сакав скромна забава за синот – сите родители дојдоа со плус 1 дете, па на крај морав да платам уште 180 евра“

Во ред ли е на забавите во игротека освен детето што е покането да ги носите и неговите браќа и сестри? Една мајка не го крие својот револт, кога родителите без прашање дошле на забавата со плус едно дете и ја изложиле на непотребни трошоци.

sakav-skromna-zabava-za-sinot-site-roditeli-dojdoa-so-plus-1-dete-pa-na-kraj-morav-da-platam-ushte-180-evra-01.jpg

Денес роденденските забави во игротеки и забавни паркови се секојдневие.

Освен што се трошат пари на анимација за децата, тука се трошоците и за храна, декорации, а често родителите може да се соочат и со непредвидени трошоци.

Што се случува ако на забавата се појават повеќе деца од предвиденото и како се чувствуваат родителите кои неочекувано треба да се соочат со поголеми финансиски трошоци?

Британката Лорен Либин од Англија (42) раскажува како се соочила со непотребни трошоци, откако една од мајките на соучениците на нејзиниот син се дрзнала да ѝ ги расипе плановите.

sakav-skromna-zabava-za-sinot-site-roditeli-dojdoa-so-plus-1-dete-pa-na-kraj-morav-da-platam-ushte-180-evra-02_copy.jpg

Лорен организирала забава за синот (6) во парк со замок за скокање, но наместо скромната роденденска забава што ја планирала, таа морала да одвои дополнителни 180 евра за непланирани трошоци.

„Неодамна правев роденденска забава во забавен парк, со цел да го прославиме шестиот роденден на синот.

Со оглед на тоа што тој има роденден во лето, никогаш не сме правеле голема забава со децата од одделението, туку сме славеле дома.

Но, годинава, тој беше многу возбуден и сакаше да има голема забава со другарчињата од училиште и одлучивме забавата да ја направиме во септември, кога сите деца ќе бидат вратени од одмор.

Во неговото одделение има 20 деца, па сметавме дека треба сите да ги поканиме.

sakav-skromna-zabava-za-sinot-site-roditeli-dojdoa-so-plus-1-dete-pa-na-kraj-morav-da-platam-ushte-180-evra-04.jpg

Направив покана на WhatsApp и ја испратив во групата.

Сите родители го пишуваа името на нивното дете што ќе дојде, сè додека 10-тата мајка по ред не го напиша името на ќерката што учи со синот, но и на нејзината помлада сестра – без претходно да ме праша дали е во ред да дојде“ – појаснува мајката.

Таа вели дека била шокирана и сакала да ѝ пише на мајката дека кога се работи за забава во игротека или во забавен парк, јасно е дека треба да дојде само детето што е покането, но по убедување на партнерот се воздржала.

sakav-skromna-zabava-za-sinot-site-roditeli-dojdoa-so-plus-1-dete-pa-na-kraj-morav-da-platam-ushte-180-evra-05.jpg

Потоа следувал вистински шок, затоа што сите наредни родители си додавале плус едно дете на списокот, па на крај мајката морала да плати 180 евра повеќе за забавата затоа што бројот на деца значително се зголемил.

„Навистина сметам дека не е во ред да најавувате доаѓање на уште едно дете, без претходно приватно да го прашате родителот на славеникот дали може.

Не само што треба да се плати влезница за секое дополнително дете, за храна и за сокчиња, треба да подготвите и други реквизити.

Исто така, најголемиот број шестгодишни деца не сакаа да си играат со уште 10 други помали деца што не ги познаваат, па моравме постојано да внимаваме да не ги повредат“ – вели таа.

sakav-skromna-zabava-za-sinot-site-roditeli-dojdoa-so-plus-1-dete-pa-na-kraj-morav-da-platam-ushte-180-evra-03.jpg

Лорен вели дека по трошоците што се насобрале за оваа забава, едноставно решила дека веќе никогаш нема да го слави роденденот на синот во забавен парк и ќе се држи до интимните забави во домот.

Што мислите вие? Во ред ли е да им се наметнуваат на родителите на славениците дополнителни гости, или ако немате можност кој да ви ги чува помалите деца, покултурно е да ја одбиете поканата?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“ „Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов к...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg