Мајката која пред 16 години роди осумка зборува за предизвиците: „Забременив со ин витро, докторката ја изгуби лиценцата“
- Детали
- недела, 09 март 2025
16 години откако роди осумка, Натали Сулеман реши да прозбори за целото свое искуство, истакнувајќи дека се соочувала и со смртни закани бидејќи зачнала со ин витро. Додека децата биле мали, се појавила и во филм за возрасни за да може да заработи доволно за своите деца.
Надја Сулеман, попозната како Натали, се прослави во 2009 година, откако роди осумка.
Случајот на 49-годишната Натали предизвика и контроверзии во врска со асистирано оплодување, бидејќи таа забременила со осумка по ин витро процедура.
Пред да ја роди осумката, Натали веќе имала шест деца, што значи сега има вкупно 14.
Извесен период Натали избегнуваше медиуми, но сега даде ексклузивно интервју за магазинот People, а сними и документарец.
Натали вели дека сака да ја раскаже својата верзија на приказната бидејќи низ годините се соочувала со критики поради ризичната бременост.
Таа е првата жена која родила осум деца од кои преживеале сите.
„Јас сум мајка на многу деца и сум многу, многу, многу благодарна.
Ние сме семејство полно со љубов. Сите мои деца се многу скромни, приземјени и луѓе со добри срца“, вели таа.
Натали забременила со осум деца бидејќи во 2009 година ѝ биле имплантирани 12 ембриони.
Таа отсекогаш сакала големо семејство, но воопшто не помислувала дека ќе роди осумка.
Натали вели дека докторката што ја изведила процедурата ја притискала да бидат имплантирани повеќе ембриони, за поголеми шанси за успех.
На Натали ѝ било кажано дека биле имплантирани шест ембриони, кога всушност биле дури 12.
Од овие 12, осум резултирале со бременост.
Иако, за среќа, сите деца и Натали ја преживеале бременоста, докторката од клиниката за плодност подоцна ја изгубила лиценцата за работа.
Натали сакала да направи повеќе процедури за асистирано оплодување и поради ова, но и фактот дека е самохрана мајка, се соочуваше со критики.
„Документарецот се фокусира на моето патување и мојата одлука да имам повеќе од една ин витро процедура за да го комплетирам моето 6-члено семејство.
Сакав само уште едно дете, но станав сингл мајка на 14 деца… на почетокот беше хаос.
Од една страна, добивав смртни закани и се плашев за животот на моето семејство, а од друга, пробував да преживеам и да им овозможам на децата сè што им треба“.
Натали вели дека за да заработи, се појавила во филм за возрасни и неретко откривала детали за животот со децата на американски таблоиди кои ѝ и плаќале за тоа.
„Дури кога наполнија четири години успеав да побегнам од сето тоа, од нападот на светот и омразата.
Конечно можев да побегнам (од јавноста) и да се вратам на животот како претходно“.
Натали вели дека најтешкото го надминале бидејќи постарите деца веќе се доволно возрасни да се грижат за себе. Всушност, неодамна таа стана и баба.
Натали додава и дека не би зборувала во јавност, доколку сите деца не се согласиле да ја раскажат својата страна на приказната.
Повеќе фотографии од Натали и семејството на следната страница...
Би можело да ве интересира:





