3-годишно девојче од Гана стана интернет сензација - плете совршени плетенки со малите рачиња (видео)
- Детали
- понеделник, 31 март 2025
Лордина Ненси од Гана е девојче со златни раце... Сама научила да плете плетенки, гледајќи ја мајка си. Сега, после градинка, обожава да ѝ помага во салонот и си има своите клиентки.
Тригодишно девојче од Гана е вирален хит поради својата способност за плетење плетенки, а веќе има и голем број жени кои ѝ се клиентки.
Лордина Ненси е навистина надарена за својата возраст. Додека на многумина им требаат години за да ја совладаат техниката на плетење плетенки, ова малечко девојче веќе придонесува во фризерскиот салон на својата мајка.
Со прекарот „Сериозна Госпоѓица“, таа е позната по својата фокусираност и професионалност додека работи, и покрај тоа што има само 3 години.
„Поради мојата ќерка, многу луѓе доаѓаат тука,“ сподели нејзината мајка, Амину Јахаја, за BBC.
„Нè гледаат на социјалните мрежи и сакаат да дојдат кај нас“, вели таа.
Ненси природно ја совладала оваа вештина, помагајќи ѝ на мајка ѝ со една мала задача која го открила нејзиниот талент за плетење.
„Еден ден по градинка, откако малку се наспа, забележав дека зеде неколку прамени коса и ни се придружи додека плетевме коса на една клиентка“ објасни гордата мајка.
„Бевме шокирани кога видовме како ѝ ја исплете косата. Ниту сме ја учеле, таа сама почна...“
Малото девојче работи облечено во училиштен фустан и со шнолички во косата.
Стана интернет сензација.
Сепак, нејзината мајка уверува дека целосно ја поддржува нејзината едукација и идни амбиции, дури и ако тие не се поврзани со фризерството.
„Како мајка, ја поддржувам да оди на училиште и кога ќе порасне да си избере кариера.
Инаку, среќна сум што знае да плете без никаква обука. Никој не ѝ покажа како да плете – буквално“, заклучува таа.
Запознајте го девојчето кое стана интернет сензација (кликнете):
Повеќе видеа од неа на следната страница...
Би можело да ве интересира:





