Сопругата го изневерувала, а треба да ѝ плати 728 милиони долари по разводот, има 30 деца: Факти за владетелот на Дубаи

Премиерот на Дубаи Мухамед Ал Мактум (72), имал шест жени, од кои една му е прва братучетка, и се верува дека имал околу 30 деца. Најнова вест е дека по разводот со најмладата од шесте жени принцезата Хаја бинт ал Хусеин, тој треба да ѝ исплати над 728 милиони долари.

RAZVOD~1.JPG

По разводот со принцезата Хаја Бинт ал-Хусеин (47), шеикот Мухамед бин Рашид ал-Мактум (72) доби наредба од судот да ѝ исплати над 728 милиони долари и се вели дека ова е една од најскапите брако-разводни парници во историјата.

Со овие пари принцезата ќе треба да ги покрие сопствените трошоци до крајот на животот, но и сите трошоци за нивните две деца (7 и 14 години), а во следните три месеци треба да ѝ префрли 333 милиони долари.

razvodot-so-najmladata-od-6-te-zheni-kje-go-chini-728-milioni-dolari-a-ima-30-deca-fakti-za-sheikot-muhamed-02.jpg

Исто така, овој договор не е фиксен, што значи дека шеикот ќе треба годишно да им плаќа на неговите деца доживотно или сè додека не биде донесена поинаква судска одлука. Нивниот развод беше проследен со низа скандали.

Во продолжение проследете уште неколку интересни факти за шеикот Мухамед Ал Мактум:

Шеикот за првпат се оженил во 1979 година за неговата прва братучетка и првата дама на Дубаи Шеика Хинд бинт Мактум Јума Ал Мактум, која тогаш имала 17 години и била 13 години помлада од него.

razvodot-so-najmladata-od-6-te-zheni-kje-go-chini-728-milioni-dolari-a-ima-30-deca-fakti-za-sheikot-muhamed-04.jpeg

Првата сопруга е мајка на 12 деца на шеикот, а меѓу нив е и Хамдан бин Мухамед ал Мактум, наследникот, кој бил роден во 1982 година.

razvodot-so-najmladata-od-6-te-zheni-kje-go-chini-728-milioni-dolari-a-ima-30-deca-fakti-za-sheikot-muhamed-05.jpg

Шеикот исто така се оженил и за две жени од Либан: Шеика Ранда бин Мохамед ал-Бана и Шеика Делиа Алула, но тие не се забележани во јавноста.

razvodot-so-najmladata-od-6-te-zheni-kje-go-chini-728-milioni-dolari-a-ima-30-deca-fakti-za-sheikot-muhamed-03.jpeg

Освен нив, тој е оженет и со Зое Григоријакос која по потекло е од Грција, со која има една ќерка и е во брак со уште една непозната жена.

razvodot-so-najmladata-od-6-te-zheni-kje-go-chini-728-milioni-dolari-a-ima-30-deca-fakti-za-sheikot-muhamed-06.jpg

Се претпоставува дека шеикот со сите сопруги има околу 30 деца. Останатите пет негови сопруги најчесто се кријат подалеку од очите на јавноста, освен последната: јорданската принцеза Хаја Бинт ал-Хусеин, која е 25 години помлада од шеикот.

razvodot-so-najmladata-od-6-te-zheni-kje-go-chini-728-milioni-dolari-a-ima-30-deca-fakti-za-sheikot-muhamed-07.jpg

Во 2019-та година принцезата Хаја, заедно со нивните две деца побегнала од Дубаи во Велика Британија, каде побарала политички азил и каде се водеше бракоразводната парница.

razvodot-so-najmladata-od-6-te-zheni-kje-go-chini-728-milioni-dolari-a-ima-30-deca-fakti-za-sheikot-muhamed-10.jpg

Две од ќерките на шеикот, Шамза и Латифа се обиделе да побегнат од Дубаи во Велика Британија, но тој насилно ги вратил дома. Судот во Велика Британија во 2020-та година пресуди дека тој ги киднапирал сопствените ќерки и на сила ги вратил во Дубаи.

razvodot-so-najmladata-od-6-te-zheni-kje-go-chini-728-milioni-dolari-a-ima-30-deca-fakti-za-sheikot-muhamed-08.jpg

За време на сослушувањата, поранешната сопруга на шеикот, јорданската принцеза била испрашувана за случаите кога таа исплатила 6.7 милиони британски фунти за четири непознати членови на нејзиното обезбедување.

Тие се заканувале дека ќе ја разоткријат аферата што таа ја имала со еден од телохранителите.

„Бев мошне уплашена, а тие пари беа достапни на сметката на децата“ – рече Хаја.

razvodot-so-najmladata-od-6-te-zheni-kje-go-chini-728-milioni-dolari-a-ima-30-deca-fakti-za-sheikot-muhamed-11.jpg

Освен по големиот број жени, шеикот од Дубаи е познат и по тоа што е голем обожавател и поддржувач на трките со коњи, па во минатото често се пишувало за милионските суми пари што ги исплаќал за нови коњи.

razvodot-so-najmladata-od-6-te-zheni-kje-go-chini-728-milioni-dolari-a-ima-30-deca-fakti-za-sheikot-muhamed-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg