Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особено ако сте татковци“

„Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на мозокот. Ја мразам болеста“, пишува 41-годишниот сопруг на Серена Вилијам во емотивна Инстаграм објава.

soprugot-na-serena-vilijams-emotiven-po-operacijata-za-rak-na-tiroida-mazhi-odete-na-pregled-osobeno-ako-ste-tatkovci-01.jpg

Ракот на тироидната жлезда е трипати почест кај жените отколку кај мажите.

Најчесто е дијагностициран кај жени во 40-тите и 50-тите години од животот, додека кај мажите обично се дијагностицира во 60-тите и 70-тите години од животот.

Денес шансите за закрепнување од ракот на тироида се особено високи, а терапијата вклучува операција, хемотерапија, хормонална терапија...

Иако ракот е многу почест кај жените, може да се јави и кај мажи, и тоа на која било возраст.

А, неодамна сопругот на тенисерката Серена Вилијамс, кој воедно е и основачот на Редит, откри дека и самиот се соочил со болеста.

soprugot-na-serena-vilijams-emotiven-po-operacijata-za-rak-na-tiroida-mazhi-odete-na-pregled-osobeno-ako-ste-tatkovci-03.JPG

41-годишниот Алексис Оханиан сподели фотка од болница, како и две фотки со ќерките на возраст од седум и една година.

Во емотивната објава, тој откри дека му била направена операција за отстранување на дел од тироидната жлезда.

Тој се присетува и на неговата мајка која починала од рак.

„По следењето на сомнителни јазли во мојата тироидна жлезда изминативе четири години, неодамна половина од тироидата ми беше хируршки отстранета.

Јазлите стануваа поголеми, а последната биопсија покажа дека најверојатно ќе станат канцерогени.

Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст (41) и потоа умре од рак на мозокот, околу една деценија подоцна.

Го мразам ракот.

soprugot-na-serena-vilijams-emotiven-po-operacijata-za-rak-na-tiroida-mazhi-odete-na-pregled-osobeno-ako-ste-tatkovci-04.JPG

Не планирав да оставам ништо на случајноста.

Операцијата помина добро и овој Ден на благодарноста сум особено благодарен бидејќи утрово ми кажаа дека отстранетиот дел од тироидната жлезда навистина имал лоши јазли кои сигурно ќе станеле рак.

Искрено, најлошото е што изминативе две недели не можам да вежбам (со тегови), но следната недела ќе се вратам на вежбањето.

А, неделава ги однесов ќерките во Disney Word, па животот сепак е прекрасен.

soprugot-na-serena-vilijams-emotiven-po-operacijata-za-rak-na-tiroida-mazhi-odete-na-pregled-osobeno-ako-ste-tatkovci-7.JPG

soprugot-na-serena-vilijams-emotiven-po-operacijata-za-rak-na-tiroida-mazhi-odete-na-pregled-osobeno-ako-ste-tatkovci-05_copy.JPG

До сите мажи – закажете преглед на лекар, особено ако сте татковци.

Среќен Ден на благодарноста на сите“.

Повеќе фотки од Алексис и сопругата Серена на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg