„Немам солзи да те исплачам“ - Другар на Андреј од ДНК скршен од болка направи тетоважа за него и организира хуманитарен настан
- Детали
- четврток, 03 април 2025
„Болиш! Фалиш! Немам сила да издржам! Да бидеш уште еден ден крај мене, да можам би го вратил цело време…“, пишува Антонио Наумоски за саканиот другар Андреј, кој го овековечи со тетоважа: „Ако утре ме нема еј, немој да ме жалите“ и кобниот датум 16.03.2025. Сега, тој организира хуманитарен настан за настраданите во пожарот, со продажба на маички со истиот стих.
Антонио Наумоски, близок пријател на Андреј од ДНК, е скршен од болка и уште не може да поверува дека неговиот пријател повеќе не е тука, покрај него.
Тој вели дека заедно ги делеле и тагата и радоста и дека не може да се помири дека Андреј повеќе го нема.
Антонио на својот Инстаграм профил постојано објавува фотографии и видеа со нашата музичка ѕвезда, а сега откри дека во име на Андреј, а со одобрение од неговата сопруга Наталија и во соработка со платформата за донации на погодените од трагедијата supportkocani.com, ќе организира хуманитарен настан.
Неговите објави за Андреј:
„Колку само проклето ми фалиш, од негде да се појавиш да испиеме макар по една и душа да ми отвориш.
Ќе го чувам вечно твојот пламен да не угаси, да не угаси…
Ми кажа „Како знаеш, излези секогаш на површина, а не внатре во морето“.
Ова е само еден почеток на многу работи што следуваат… Ќе дадам сè од себе да го продолжам твојот пат што те правеше најсреќен, а тоа е хуманоста!
Нема да застанам!!!
Болиш! Фалиш! Немам солзи да те исплачам! Немам сила да издржам!
Да бидеш уште еден ден крај мене, да можам би го вратил цело време…
Животот продолжува како по навика, те нема тука, но јас знам, те чувствувам. Знам ме гледаш, знам ме чуваш, од горе ти ми зборуваш“.
Антонио си ги истетовира и стиховите: „Ако утре ме нема еј, немој да ме жалите“ и кобниот датум 16.03.2025.
Информации за хуманитарниот настан, кои ги објави Антионо на Инстаграм:
ХУМАНИТАРЕН НАСТАН!
Од срце за Андреј!
Со срце за настраданите и повредените!
Почитувани!
Сакам да ви го најавам хуманитарниот настан на 26-ти Април во @break_time.skopje со почеток од 12:00 до 21:00.
1. Со секоја купена маичка донирате 500 денари за настраданите.
2. Забрането е секакво давање на пари на поединци!
3. Ќе има кутија на самиот настан и ќе го запазите редот односно прво донирате 500 денари во кутија па добивате маичка.
4. Секој оној кој сака да донира дополнително пари за маички може да го направи истото до 06 Април. (Ќе си добие сметка од фирмата за уплата на маици)
5. На самиот настан ќе имаме и дел од повредените од Кочани како специјални гости.
6. Сите собрани средства ќе бидат предадени на @supportkocani.
7. По завршување на настанот секоја фирма ќе потполни изјава за собраните средства и дополнително и транспарентно ќе се објави.
8. Сакам да изразам голема благодарност до сите фирми кои ми помогнаа.
9. Сакам да изразам и посебна благодарност до неговата сопруга што го поддржа овој настан.
10. Поради големата заинтересираност до моментов има нарачано 800 маици.
Брате Андреј
Kликнете на видеото од Андреј и Антонио:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





