Позитива на денот: Пере од „Нокаут“ ја носи ќеркичката во градинка со велосипед на дожд (видео)
- Детали
- среда, 18 септември 2024
„Скопско дете накај градинка, се насмевнува на дождот, како да е сончево. Дождот е само уште една причина за играње“, напиша Пере во опис на видеото на кое ја вози Софиа на велосипед.
Пере од „Нокаут“ е еден од најпосветените татковци на нашата естрада.
Има 4 ќерки, две од првиот брак, две од вториот, и со секоја од нив е и најдобар пријател и авторитет и човек на кој буквално можат да се потпрат во секоја пригода.
Постојано минува време со нив, а неретко споделува интересни семејни мигови и на неговиот Инстаграм профил.
Така е и овој пат со видеото од тоа како ја вози својата ќеркичка Софиа (постарата ќерка од бракот со Јована) на велосипед кон градинка додека врне.
Малата Софиа е опремена со кабаница и чадорче и очигледно ужива во оваа нивна авантура.
Во описот на видеото Пере напиша: „Скопско дете накај градинка, се насмевнува на дождот, како да е сончево. Дождот е само уште една причина за играње“.
Видеото дефинитивно е позитива на денот:
Прочитајте и „Јас и понатаму се прашувам дали сум добар татко“: Пере од „Нокаут“ за предизвиците на татковството
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





